SOLGAR Витамин Ц 1000 мг, 100 капсули
Опис на производот
Витамин Ц 1000 мг е граничен производ наменет за зајакнување на имунолошкиот систем на организмот. Една растителна капсула содржи 1000 мг витамин Ц во форма на Л-Аскорбинска киселина.
- Витаминот Ц е хидро-солубилен витамин чија главна улога е борба против слободните радикали во организмот. Слободните радикали доведуваат до оксидативен стрес на клетките и нивно предвремено стареење
- Една од главните улоги на витаминот Ц е и неговиот придонес во создавањето на колаген, значајна состојка за нормална функција на кожата и зглобовите
- Витаминот Ц придонесува за нормално функционирање на белите крвни клетки кои се основна компонента на имунолошкиот систем
- Витаминот Ц го поддржува кардиоваскуларното здравје
Пакување: 100 растителни капсули
Производител: Solgar, Inc. Leonia, N.J. за Solgar (U.K.), Herts, HP23 5PT
Содржина
Состав:
Една растителна капсула содржи:
Витамин Ц (како Л-Аскорбинска киселина) 1000 мг, %ПДВ* 1250
*препорачано дневно внесување
Останати состојки: обвивка на растителната капсула: хидроксипропилметил целулоза, средство против стврднување: растителен магнезиум стеарат, средство за глазирање:етил целулоза.
Производот не содржи: глутен, пченица, млечни производи, соја, квасец, конзерванси, засладувачи, вештачки ароми или бои.
Производот не содржи додадени шеќери, не содржи сол и скроб
Погодно за вегани.
Употреба: За возрасни земете по една (1) растителна капсула дневно, по можност со оброк или како што Ви препорачал Вашиот лекар.
Мерки на претпазливост: Да не се надминува препорачаната дневна доза. Производот не треба да се користат како замена за разновидна балансирана исхрана и за здрав начин на живот. Во случај на пречувствителност на било која од состојките на производот, престанете со употреба на производот. Ако сте бремени или доите, консултирајте се со Вашиот лекар пред употреба на производот. Ако земате некои лекови или имате било каква медицинска состојба консултирајте се со Вашиот лекар пред употреба на производот.
Консултирајте се со Вашиот лекар, ако сте употребиле повеќе од препорачаното. Ако сте пропуштиле доза, земете ја наредната и продолжете со вообичаено дозирање. Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената.
Да се чува на места недостапни за деца.
Да се чува на собна температура.
Да не се користи после рокот на употреба што е назначен на пакувањето.