SOLGAR Витамин Д3, 4000 ИЕ, 60 капсули

SOLGAR Vitamin D3 4000 IU 60 vegetable capsules rastitelni kapsuli
SOLGAR Витамин Д3, 4000 ИЕ, 60 капсули
1.224,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
049557C
favorite_border

Опис на производот

Овој граничен производ, формула со 4000 ИЕ на витамин Д3 - форма на витамин Д, со највисока потенција, која нашиот организам најлесно може да ја искористи, наменета е за поддршка на општата благосостојба преку бројни документирани придобивки, пред се за имуношолкиот систем на организмот. 

Со витаминот Д нашиот организам се снабдува преку исхраната и преку сончевата светлина (затоа е наречен “сончев витамин” ). Денешниот современ живот стил кај многу луѓе доведува до многу ниски нивоа на витамин Д. Затоа е потребна негово надополнување, посебно во периодот на зимските месеци.

Витаминот Д придонесува за:

  • Нормална функција на имунолошкиот систем

  • Нормална апсорпција и искористување на калциумот и фосфорот

  • Одржување на здравјето на коските и забите

  • Одржување на нормално ниво на калциум во крвта

  • Нормална мускулна функција

  • Нормална функција на нервниот систем

  • Нормална функција на штитната жлезда

Пакување: 60 капсули

Производител: Solgar, Inc. Leonia, N.J. за Solgar (U.K.), Herts, HP23 5PT 

Содржина

Состав:

Една растителна капсула содржи:

Витамин Д3 100мкг, (4000 ИЕ, како холекалциферол), %ПДВ* 2000 

*препорачано дневно внесување

Останати состојки: средство за зголемување на волуменот: микрокристална целулоза, малтодекстрин, етил целулоза, обвивка на растителната капсула: хидроксипропилметил целулоза, средство против стврднување: растителен магнезиум стеарат.

Производот не содржи: глутен, пченица, млечни производи, соја, квасец, конзерванси, вештачки ароми или бои, додадени шеќери, сол и скроб.

Погодно за вегетаријанци.

Употреба: За возрасни земете по една (1) растителна капсула дневно, по можност со оброк или како што Ви препорачал Вашиот лекар.

Мерки на претпазливост: Да не се надминува препорачаната дневна доза. Производот не треба да се користат како замена за разновидна балансирана исхрана и за здрав начин на живот. Во случај на пречувствителност на било која од состојките на производот,  престанете со употреба на производот. Ако сте бремени или доите, консултирајте се со Вашиот лекар пред употреба на производот. Ако земате некои лекови или имате било каква медицинска состојба консултирајте се со Вашиот лекар пред употреба на производот.

Да не се надминува препорачаната дневна доза. Консултирајте се со Вашиот лекар, ако сте употребиле повеќе од препорачаното. Ако сте пропуштиле доза, земете ја наредната и продолжете со вообичаено дозирање. Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. 

Да се чува на места недостапни за деца. 
Да се чува на собна температура.
Да не се користи после рокот на употреба што е назначен на пакувањето.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се