S&R FARMACEUTICI Џенанте, 30 кесички
Опис на производот
S&R Farmaceutici Genante е граничен производ.
- Содржи Revifast® (екстракт од Polygonum), транс-Ресвератрол, Extrafolate-5® (калциум Л-метилфолат), витамин Б6, витамин Б12 и витамин Д, посебно дизајнирана формулација која може да биде корисна за подигање на енергијата и виталноста на организмот, како и при хигиено диететски режим и зголемен стрес
- Полигонум има антиоксидативно дејство
- Фолатите допринесуваат за раст на мајчиното ткиво во тек на бременост, имаат улога во процесот на делба на клетките, допринесуваат за нормална синтеза на аминокиселини и нормален метаболизам на хомоцистеинот, нормална функција на имунолошкиот систем, нормална психолошка функција и намалување на заморот и исцрпеноста
- Витаминот Б6 допринесува за нормална психолошка функција, нормална функција на цистеин, нормален метаболизам на хомоцистеин, одржување на нормален енергетски метаболизам, нормална функција на имунолошкиот систем, нормална функција на нервниот систем, нормален метаболизам на протеини и гликоген, регулација на хормонските активности, намалување на заморот и исцрпеноста и нормално создавање на црвени крвни клетки
- Витаминот Б12 има улога во процесот на клеточна делба, допринесува за нормален метаболизам на хомоцистеинот, нормално функционирање на нервниот систем, нормално функционирање на имунолошкиот систем, нормално создавање на црвени крвни клетки, нормална психолошка функција и одржување на нормален енергетски метаболизам
- Витаминот Д допринесува за нормална апсорпција/искористување на калциумот и фосфорот, нормално ниво на калциум во крвта, има улога во процесот на клеточна делба, допринесува за нормална функција на имунолошкиот систем, одржување на нормална функција на мускулите, нормални коски и заби
Пакување: 30 таблети.
Содржина
Состав:
| Активни состојки | 1 таблета | %НРВ* | 2 таблети | %НРВ* |
|
Revifast®-екстракт од коренот Poligonum cuspidatum Siebold & Zucc од кој транс-ресвератрол |
80 мг
24 мг |
/
/ |
160 мг
48 мг |
/
/ |
| Транс-ресвератрол | 51 мг | / | 102 мг | / |
| Витамин Б6 | 0.7 мг | 50 | 1.4 мг | 100 |
| Витамин Б12 | 1.25 мкг | 50 | 2.5 мкг | 100 |
| Фолна киселина | 200 мкг | 100 | 400 мкг | 200 |
| Витамин Д | 12.5 мкг | 250 | 25 мкг | 500 |
*НРВ-нутритивна референтна вредност
Помошни состојки: средство за зголемување на волуменот: микрокристална целулоза, средство против згрутчување: магнезиумови соли на масни киселини, средство за зголемување на волуменот: вкрстено врзан натриум-карбокси метил целулоза; средство против згрутчување: талк; силициум-диоксид; стабилизатор: арапска гума; Extrafolate-5®(калциум-Л-метилфолат).
Употреба: орална администрација. Една до две таблети дневно. Потребно е да се придржувате на упатството и да не се надмине препорачаната дневна доза. Во случај на предозирање јавете се кај лекар. Месец дена по земањето на таблетите потребно е да се исконтролира нивото на витамин Д во крвта.
Предупредување: Да не се чува во близина на опасни супстанции, како што се амонијак, бензин, ацетон, супстанци кои лесно испаруваат или се запалливи. Немојте да го земате/употребувате граничниот производ доколку сте преосетливи на било која од состојките. Не се препорачува кај деца. Да не го употребуваат лица под 18 години. Да не се зема истовремено со други производи кои содржат витамин Д. Пред да почнете да земате Genante, посоветувајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Бидете особено внимателни со производот во тек на бременост и доколку користите лекови. Во тек на бременост можете да земате Genante, само ако Вашиот лекар процени дека е потребно или неопходно. Доколку доите, пред употреба консултирајте се со Вашиот лекар. Genante нема интеракции со други лекови. Производот се употребува под контрола на лекар.
Да се чува на суво место на температура до 25°С. Избегнувајте изложеност на локални извори на топлина и сончева светлина. Да не се чува на влажни места како што се кујни и бањи. Датумот на истекување се однесува за неотворено пакување на производот. Чувајте го производот во оригиналното пакување. Да се чува вон дофат и видокруг на деца.