SUPERDIET Квартет за уринарен комфор, 20 ампули по 15 мл

Опис на производот
Квартет од брусница, медуника, врес и бел јасен
- Медуниката и вресот придонесуваат за уринарен комфор
Течен екстракт составен од 4 био растенија:
- Медуника и врес кои ја поттикнуваат елиминацијата на вода преку бубрезите и придонесуваат за уринарен комфор
- Бел јасен кој ја поттикнува елиминацијата на вода преку бубрезите
- Cranberry (брусница), е плод со црвена боја и кисел вкус. Најчесто се користи во форма на сок. Потекнува од Северна Америка, каде староседелците ја користеле како лек за многу болести
- Oсвен витамин Ц, содржи и големо количество на витамин А, минерали, целулоза и многубројни хранливи материи. Може да се јаде свежа, сува, замрзната, а најчесто се конзумира како сок. Истражувањата покажале дека три чаши дневно го зголемуваат нивото на антиоксиданти и на добриот холестерол (HDL), така што се намалува ризикот од болести на срцето и крвните садови за 40%
- Во народната медицина, брусницата се користи за лечење на уринарни инфекции, а научните истражувања покажале дека кондензираните танини кои се наоѓаат во брусницата спречуваат влегување на бактерии во уринарниот канал, мочниот меур и бубрезите
- Иако блага уринарна инфекција може да биде малку непријатна, сериозна инфекција (кога ќе се прошири на мочниот меур и бубрезите) тогаш бара сериозен медицински третман
Најчести симптоми на инфекција на уринарните патишта се:
- Ургентна потреба за мокрење, но со многу малку или без урина
- Течење на урина
- Чувство на печење при уринирање
- Непријатен притисок над пубичната коска
- Болка или чувство на печење дури и кога не мокрите
- Матна, темна урина, понекогаш дури со боја
- Крв во урината
- Јак или непријатен мирис
- Се чувствувате болно, исцрпено или имате треска
Пакување: 20 ампули по 15 мл
Содржина
Состав:
Две (2) ампули содржат:
ПДВ* | ||
Брусница | 1200 мг** | / |
PAC (ProAnthoCyanidins) | 36 мг | / |
Медуника | 600 мг** | / |
Врес | 600 мг** | / |
Бел јасен | 600 мг** | / |
*препорачано дневно внесување
**еквивалент на суво растение
Состојки:
- воден екстракт од медуника* (Filipendula ulmaria-цвет)
- врес* (Calluna vulgaris-цвет)
- бел јасен* (Fraxinus excelsior-лист)
- концентриран сок од црвено грозје* (плод)
- екстракт од брусница* (Vaccinium macrocarpon - проaнтоцијаниди-плод)
*состојки од органско производство.
Не содржи алкохол.
Не содржи бои.
Употреба: две (2) ампули на ден. Производот не е наменет за деца и адолесценти до 18 години.
Производот не се препорачува за бремени жени и за доилки. Да не се користи истовремено со антикоагуланси. При истовремена употреба на лекови, консултирајте се се Вашиот лекар. Производот не се препорачува за лица кои се алергични на деривати на салицилати. Консултирајте се со Вашиот лекар ако имате бубрежни каменчиња или дијабет. Препорачаната дневна доза не смее да се надминува.