SUPERDIET Шитаке, реиши, маитаке био, 20 ампули по 15 мл

SUPERDIET Шитаке, реиши, маитаке био, 20 ампули по 15 мл
1.840,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
020272C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Комбинација на квалитетни француски печурки одгледувани според методите на Јапонска култура:

Шитаке - култивирана уште пред 2000 години во Кина и Јапонија позната како ”печурка на самураите”, денес важен дел од кулинарската и религиозната уметност на тие земји.

Шитаке печурките имаат антивирусни, антибактериски и антифунгални својства. Тие исто така помагаат да се контролира нивото на шеќер во крвта и да се намали воспалението во телото.

Придобивки од печурки шитаке:

  • Печурките шитаке содржат многу хемиски соединенија кои штитат од оксидативно оштетување
  • Штитат од вишок килограми
  • Штитат од канцерогени заболувања
  • Поседуваат антимикробни својства

Реиши - дива печурка која потекнува од длабоките шуми на Азија. Реиши има историја на употреба и многу од современите истражувања ја поддржуваат нејзината употреба за различни состојби, од хронични воспаленија, па се до различни типови на рак. Нејзините моќни антиоксидативни и заштитни ефекти врз црниот дроб, помагаат во забавување на процесот на стареење, поради што Реиши е уште позната и како печурка на бесмртноста.

Реиши печурката (Ganoderma lucidum) припаѓа на видот Agaricomycetas од група Ganodermataceae и расте како паразит на дабово дрво, кое е во фаза на распаѓање.

Маитаке - печурка со кафена боја, потекнува од североисточниот дел на Јапонија, каде е позната како кралска печурка. Содржи голема количина полисахариди, тритерпени и дополнителни биоактивни хемикалии, со широк спектар на здравствени придобивки, содржината на бета глукан делува имуностимулативно и антивирусно, поради што се препорачува за третманот на автоимуни, карценогени, алергиски и системски заболувања.

Пакување: 20 ампули по 15 мл

Содржина

Состав:               

  една (1) ампула   две (2) ампули   ПДВ*       
Шитаке екстракт   900 мг    1800 мг  /
Реиши екстракт   37.5 мг   75 мг    /
Маитаке екстракт  37.5 мг 75 мг /

*препорачано дневно внесување

Состојки:

- прочистена вода

- концентриран екстракт од шитаке* (Lentinus edodes - капа)

- концентриран сок од портокал* (плод)

- концентриран екстракт од реиши* (Ganoderma tsguae/lucidum - капа)

- концентриран екстракт од маитаке* (Grifola frondosa - капа).

*состојки од органско производство.

Употреба: се препорачува од една (1) до две (2) ампули на ден. Ампулата треба добро да се протресе пред употреба. Можна е појава на талог на дното на ампулата.

Предупредување:

Производот не се препорачува за деца, адолесценти под 18 години и бремени жени и доилки. Да не се употребува во случај на пречуствителност на печурки и истовремена употреба на антитромбоцитни лекови.
Консултирајте се со Вашиот лекар пред употреба на производот доколку земате лекови за имуносупресија или дијабет.
Препорачаната дневна доза не смее да се надминува. Препаратот не заменува оброк и не треба да се користи како замена за разновидна исхрана.

Да се чува на места, недостапни за деца. Ампулите се наменети за пиење – не за инјектирање.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се