TILMAN Антиметил, 12 пастили

Tilman Antimetil
TILMAN Антиметил, 12 пастили
428,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
055044C
favorite_border

Опис на производот

Tilman Antimetil е додаток на исхрана.

  • Содржи ѓумбир кој придонесува за добро варење на храната
  • Пастилите со вкус на лимон и ментол не содржат шеќер и може да се употребуваат во следните случаи:
    • За ослободување од чувството на тежина во стомакот
    • Во случај на прекумерно јадење (прејадување)
    • Во случај на гадење во бременост и при патување
  • Пастилите содржат стандардизиран екстракт од ѓумбир со 10 % гингероли, кој што има 10 пати поголема концентрација од традиционалниот ѓумбир во прав
  • Се дава кај деца над 4 години, возрасни, бремени жени и доилки

Мал совет за Вас, доколку патувате: ставете Антиметил во Вашата торба пред патување.

Пакување: 12 пастили.

Производител: Tilman SA, Z.I. Sud 15 B-5377 Baillonville, Белгија.

Содржина

Состав: сируп со малтитол, сируп со сорбитол, арапска гума, говедски желатин, бета-циклодекстрин, Zingiber officinale (стандардизиран сув екстракт од коренот на ѓумбир 25 мг), лимон, ментол, портокал, еукалиптус, гликозиди на стевиол, сукралоза, кокосово масло.

Антиоксиданс: аскорбинска киселина.

10% гингероли: 25 мг стандардизиран екстракт е еквивалентен на 250 мг ѓумбир во прав.

1 пастила содржи 25 мг стандардизиран сув екстракт од ѓумбир.

Начин на употреба: 

Деца од 4 до 11 години: една пастила, 1 до 3 пати на ден (максимална препорачана дневна доза – 75 мг).

Возрасни над 12 години: две пастили, 1 до 3 пати на ден (максимална препорачана дневна доза – 150 мг).

Бремени жени: 2 пастили наутро и 2 пастили попладне (по ручекот). Вкупно 4 пастили на ден (максимална препорачана дневна доза – 100 мг).

Употребете ги Антиметил-пастилите 30 минути пред патување и при морска болест.

Предупредување: не употребувајте Антиметил доколку имате опструкција на жолчниот канал. Прекумерната употреба на Антиметил-пастилите може да доведе до лаксативен ефект.

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се