TOSAMA Vivamel Медицински костенов мед, 20 г
Опис на производот
Tosama Vivamel Medical Chestnut Honey Медицински костенов мед.
- Наменет е за нега и лечење на акутни и хронични рани како што се површинските рани, гребаници и исекотини, изгореници, дијабетични рани, инфицирани и длабоки рани
- Има висока концентрација на шеќер (до 80%), ниска концентрација на вода (до 17%) и кисел pH
- Поради физичките својства има висока осмотска активност која создава неповолна околина за раст на микроорганизми, стимулира чистење на раната, а истовремено поттикнува зараснување на раната
- Медот овозможува влажно зараснување на раната, создава механичка заштита
Пакување: 20 г.
Содржина
Употреба:
- Раната прво исчистете ја со млака питка вода или физиолошки раствор
- Раната и местото околу раната нежно исушете го
- Мала количина од медот истиснете на стерилна компреса која ќе ја фрлите. Медицинскиот мед од тубата нанесете го на блазницата од стерилниот фластер или на стерилна примарна облога по ваш избор; на пример алгинатна облога, компреса од неткаен материјал, полиуретанска пена или било која друга прикладна облога
- Блазницата на фластерот или облогата поставете ја така да раната ќе ја прекриете во целост. Лепливиот дел на фластерот прицврстете го на околната кожа. Облогите кои не ce самолепливи прицврстете ги со завој за прицврстување. Во случај на обилен секрет од раната врз примарната облога ставете високовпивлива облога и прицврстете ја со завој за прицврстување
На почеток преврските правете ги еднаш на ден, подоцна може на секој два-три дена, зависно од количината на секретот од раната. Преврските правете ги со еднаква постапка како што е претходно опишано.
Предупредување: пред и после употреба на производот секогаш измијте раце. Вивамел медицински костенов мед не е наменет за консумирање. Во случај на консумирање може да предизвика зголемување на нивото на шеќер кај дијабетичари или реакција на преосетливост кај луѓе алергични на мед. Избегнувајте контакт со очите и слузниците. Во случај на случаен контакт со очите или слузниците, измијте ги со многу вода. Вивамел медицински костенов мед употребете го во рок од четири месеци од отварање на тубата. После секоја употреба тубата добро затворете ја да би спречиле истекување на медот и влез на воздух и микроорганизми во тубата. Производот е стерилен само до првото отварање. Во случај да е тубата оштетена, не ја употребувајте. Медот од тубата нанесувајте го само на стерилна облога да би спречиле контаминација на преостанатата содржина од тубата. Клиничките тестирања за зараснување на раната со Вивамел медицинскиот мед кај дијабетичарите покажуваат многу добри резултати, но во секој случај лечењето треба да се спроведува под надзор на доктор.
Начин на чување: Вивамел медицинскиот мед чувајте го на суво место и на температура од 5°C до 35°C во хоризонтална положба или со капачето свртено нагоре. Не ја превртувајте тубата на капачето бидејќи при следната употреба медицинскиот мед неконтролирано ќе истече. Не го изложувајте производот директно на сончева светлина.