URSAPHARM Hylo Comod Капки за очи со натриум хијалуронат, 10 мл
Опис на производот
Ursapharm Hylo Comod Стерилни капки за очи без фосфати и без конзерванси.
- Содржат натриум хијалуронат
- За подобро навлажнување на површината на очите кои се суви и печат или доколку имате чувство на страно тело во окото, поради условите во опкружувањето, како и по хируршки операции на очите
- Hylo Comod® може да се користи во текот на носењето на контактни леќи. Со употреба на Hylo Comod® носењето на контактни леќи е попријатно поради тоа што не формираат наслаги или талог
- Поради тоа што Hylo Comod® не содржи конзерванси, обично добро се поднесува
- Hylo Comod® не содржи фосфати, со што се избегнуваат компликациите како наслаги на рожницата
Кога треба да се употребува Hylo Comod®?
Доколку очите Ве чешаат, печат или лесно се заморуваат, доколку имате чувство како да имате песок во очите, тоа може да биде последица од недостаток на влага на површината на Вашите очи.
Доколку подолго време сте биле во климатизирана просторија, на пример, или по интензивна работа на компјутер, природниот солзен филм кој обично ја покрива површината на окото побрзо исчезнува. За да може ткивото на окото подобро да функционира, потребно е постојано да го подмачкува солзниот филм.
Поради хируршки интервенции на окото или по повреди на окото, физиолошкото лачење на солзи може да биде намалено. Меѓутоа, тоа е неопходно за регенерација на површинските ткива на окото и за постојаната соодветна лубрикација. Употребата на Hylo Comod обезбедува долготрајна влажност на рожницата и конјунктивата со што ефикасно го потпомогнува физиолошкиот процес на зараснување.
- Hylo Comod® содржи натриумова сол на хијалуронска киселина, природна супстанца која може да се најде во окото, но и во други делови на телото. Поради нејзините специфични физички карактеристики, таа создава стабилен, долготраен, лубрикантен влажен филм на површината на окото кој не се плакне лесно. Меѓутоа, доколку се случи тоа, не го заматува видот и ги заштитува Вашите очи од сувост и иритација во текот на подолг временски период
- Тоа е од посебна важност доколку носите контактни леќи, поради тоа што е потребно контактните леќи да пливаат во доволно количество на солзна течност за да не предизвикуваат непријатност
Секое шишенце содржи 10 мл раствор што одговара на количество од околу 300 капки. Поради технички причини, мало количество секогаш останува во шишенцето.
Пакување: 10 мл капки за очи.
Содржина
Состав: 1 мл Hylo Comod® содржи 1 мг натриум хијалуронат, безводна лимонска киселина, натриум цитрат, сорбитол и вода за инекции.
Употреба: Hylo Comod® треба да се користи во согласност со упатствата кои Ви ги дал Вашиот лекар или специјалист за контактни леќи. Генерално, треба да капнете по една капка Hylo Comod® три пати на ден во двете очи. Доколку е неопходно, овие капки може да се користат и почесто. Доколку Hylo Comod® го користите почесто (на пр. повеќе од 10 пати на ден) Ве молиме консултирајте се со Вашиот офталмолог. Hylo Comod® капките се погодни за долгорочна употреба. Како што е тоа случај со сите проблеми, доколку потраат треба да се консултирате со својот офталмолог.
- Чекор: Пред употреба извадете го капакот од шишенцето. За да го направите тоа, држете го капакот непосредно над шишенцето. Со другата рака извадете го шишенцето од капакот со ротирачко движење. Пред првата употреба свртете го врвот на Hylo Comod® шишенцето надолу и притиснете го дното на шишенцето сé додека не се појави првата капка на капалката. Сега шишенцето е подготвено за понатамошна употреба
- Чекор: Држете го шишенцето свртено наопаку со палецот на горниот крај на шишенцето и со останатите прсти на дното на шишенцето
- Чекор: Раката која го држи COMOD® шишенцето придржувајте ја со другата рака
- Чекор: При нанесувањето на капките за очи, избегнувајте контакт помеѓу врвот на шишето и окото и Вашата кожата. Со главата малку навалена наназад, нежно повлечете го долниот капак надолу. Цврсто и брзо притиснете ја средината на дното на шишенцето. На тој начин го активирате механизмот со кој се ослободува една капка. Поради посебниот COMOD® систем на вентил, големината и брзината на секоја капка се исти, независно од тоа колку цврсто ќе го притиснете дното. Полека затворете ги очите за да дозволите течноста рамномерно да се разлие по површината на окото
- Чекор: Капакот вратете го веднаш по употребата. Внимавајте врвот на капалката да биде сув
Hylo Comod® може да се користи неограничен временски период. Со едно шишенце треба да се третира само едно лице.
Според постојните сознанија, Hylo Comod® може да се користи кај деца, како и кај бремени жени и доилки.
Мерки на претпазливост: Доколку користите било кои други капки за очи, треба да има најмалку 30 минути помеѓу апликациите и Hylo Comod® секогаш треба да се користи на крајот. Maстите за очи секогаш треба да се користат после примената на Hylo Comod® капките. Со оглед на тоа дека Hylo Comod® не содржи конзерванси добро се поднесува дури и при продолжена употреба. За да се избегнат реакции на инкомпатибилност кои се возможни поради интеракција помеѓу производите за нега на контактните леќи и препаратот Hylo Comod®, Ви препорачуваме по ставањето на контактните леќи да почекате 30 минути со примената на капките за очи. Hylo Comod® не треба да се користи доколку сте пречувствителни на некоја од состојките. Да не се користи по истекот на рокот на траење. Да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на температура до 25°C.
Hylo Comod® може да се користи до 6 месеци по првото отворање.