VEMAX Гликовитал Макс, 20 таблети

Vemax Pharma Glycovital Max 20 tablets glikovital maks
VEMAX Гликовитал Макс, 20 таблети
1.143,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
056987C
favorite_border

Опис на производот

Glycovital Max (Гликовитал Макс) е граничен производ.

  • Содржи единствена комбинација на Д-хиро-инозитол, мио-инозитол, ресвератол, минерали (манган и хром), фолна киселина и витамин Д
  • Посебно дизајнирана формулација која може да биде корисна и помага при метаболна состојба кога нивото на шеќер е повисоко од нормално, помага при метаболна состојба кога доаѓа до зголемување на нивото на инсулин во крвта, помага кај гојазни и умерено гојазни лица, корисен е при синдром на полицистични јајници, корисен е при дијабет како поддршка на основната терапија и хигиено диететски режим како и при зголемен стрес

Glycovital Max е производ кој содржи:

  • Мио-инозитол и Д-хиро-инозитол се природни соединенија кои со едно име се нарекуваат инозитоли и играат важна улога во нормално функционирање на клетката особено зголемувајќи ја осетливоста на различни рецептори
    • Инозитолите помагаат:
      • За подобро искористување на глукозата во ткивата и нејзино намалено ниво во крвта
      • Во контрола на апетитот и допринесуваат за дополнително слабеење
      • Во регулација на симптомите како: зголемена глад, замор, поспаност, слаба концентрација
      • За намалување на нивото на холестерол, во регулација на покачен на крвен притисок и нередовни менструални циклуси
      • Од штетното дејство на оксидативниот стрес
  • Ресвератол е моќен антиоксиданс кој ги неутрализира слободните радикали и штетните реактивни соединенија со што ги штити клетките и организмот од штетното дејство на оксидативниот стрес
  • Манганот допринесува за нормално создавање на сврзно ткиво
  • Хромот допринесува за одржување на нормално ниво на гликоза во крвта и нормален метаболизам на макронутритиентите
  • Фолатите имаат улога во процесот на клеточна делба, допринесуваат за нормална психолошка функција, нормална синтеза на аминокиселини, нормална функција на имунолошкиот систем, нормален метаболизам на хомоцистеинот, допринесуваат за раст на мајчиното ткиво во тек на бременост, допринесуваат за намалување на заморот и исцрпеноста, како и нормално создавање на крвта
  • Витаминот Д допринесува за нормална апсорпција/искористување на калциумот и фосфорот, нормално ниво на калциум во крвта, има улога во процесот на клеточна делба, допринесува за нормална функција на имунолошкиот систем, одржување на нормална функција на мускулите, нормални коски и заби

Пакување: 20 таблети.

 

Содржина

Состав:

Активни состојки 1 таблета (дневна доза) %НРВ*
Д-хиро-инозитол 500 мг /
Мио-инозитол 200 мг /

Сув водено-етанолен екстракт од коренот на Polygonum cuspidatum со мин. 98% ресвератрол

- содржина на транс-ресвератрол

24,5 мг

 

24 мг

/

 

/

Манган 4 мг 200
Хром 25 мкг 63
Фолна киселина 200 мкг 100
Витамин Д3 12,5 мкг 250

*НРВ=(Нутритивнa Референтнa Вредност)

Состојки: Д-хиро-инозитол: средство за зголемување на волуменот: микрокристална целулоза, мио-инозитол, манган-глуконат, средство против згрудчување: магнезиум-стеарат,сув водено-етанолен екстракт од коренот на Polygonum cuspidatum со мин. 98% ресвератрол, средство за зголемување на волуменот: вкрстено поврзани натриум-карбоксиметилцелулоза, средство против згрудчување: силициум диоксид, талк, хром-пиколинат, фолна киселина (птероилмоноглутаминска киселина), витамин Д3 (холекалциферол).

Начин на употреба: возрасни: се зема 1 таблета дневно.

Предупредување: Препорачаната дневна доза не смее да се надмине. Производот не е наменет за лица под 18 години, ниту за лица преосетливи на било која од состојките на производот. Во случај на појава на било каков несакан ефект, да се прекине со земање на производот и да се јавите на лекар. Да не се зема истовремено со други производи кои содржат витамин Д. Граничниот производ не е замена за разновидна исхрана. Важно е да се придржувате на урамнотежена и разноврсна исхрана и здрав начин на живот. Во случај на предозирање јавете се кај лекар. Во тек на бременост можете да земате Glycovital Mах, само ако Вашиот лекар цени дека е потребно и неопходно. Доколку доите, пред употреба на Glycovital Мах консултирајте се со Вашиот лекар.

Да се чува вон дофат и поглед на деца. Да се чува во оригиналното пакување, заштитено од светлина и влага на температура до 25°С.

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се