VISION Multi Drug Брз тест за дроги

Vision Multi Drug Rapid Test Kit 10, brz test za drogi
VISION Multi Drug Брз тест за дроги
99,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Шифра
057750C
favorite_border

Опис на производот

Vision Multi Drug Rapid Test Kit Брз тест за дроги.

  • Ин витро дијагностичко средство
  • За еднократна употреба

Намена: тест за детекција на доленаведените супстанции.

  • Кокаин (COC):
    • Кокаинот (COC) е стимуланс на нервниот систем кој може да предизвика зависност. Кокаинот може да се појави во урината само неколку часа по употребата, додека неговиот продукт на деградација - бензоилекгонин, може да се детектира во урината рано по употребата и до 2 дена по употребата на кокаин. Детекцијата на бензоилекгонин во урината е широко користена метода
  • Бензодиазепин (BZO):
    • Бензодиазепините делуваат на централниот нервен систем, обезбедувајќи седација и мускулна релаксација и намалувајќи го нивото на анксиозност. Бензодиазепините ги покажуваат своите анксиолитички ефекти со врзување за одреден регион на комплексот рецептор на γ-аминобутерна киселина (GABA)-бензодиазепин, кој е одговорен за патофизиологијата на анксиозноста. Најчестите ефекти на бензодиазепините се седација, вртоглавица, слабост, нерамнотежа и атаксија, но овие ефекти се намалуваат со текот на времето поради толеранција. Други ефекти вклучуваат поспаност, дезориентација, недостаток на координација, конфузија, заматен вид, отежнато дишење, оштетување на меморијата и кома
  • K2 Spice:
    • Синтетичка дрога која предизвикува ефекти слични на марихуаната и целосно го уништува метаболизмот. Во светот е позната под различни имиња Spice, Bonzai Citrus, K2, Jamaican, Scope и Smoke. Кога се зема со вдишување (шмркање), тој веднаш се апсорбира од белите дробови и се меша во крвта. Се шири на други органи како што е мозокот и неговите ефекти почнуваат да се гледаат за неколку минути. Кога се зема орално, се апсорбира од дигестивниот систем и неговите ефекти се гледаат подоцна во зависност од метаболичката активност во црниот дроб. Халуцинациите, нападите на паника и повраќањето стануваат почести и посилни, особено кога се користи со алкохол
  • Метилендиоксиметамфетамин (MDMA):
    • Првично синтетизиран како лек за третман на дебелина. Оние кои го користат често пријавуваат несакани ефекти како што се зголемена мускулна напнатост и потење. Иако дoведува до зголемување на крвниот притисок и забрзана срцева акција како амфетамините, MDMA не е стимуланс. MDMA доведува до промени во перцепцијата кај некои корисници вклучувајќи зголемена чувствителност на светлина, тешкотии со фокусирање и заматен вид. Се смета дека неговиот механизам на дејство е преку ослободување на невротрансмитер серотонин. MDMA може да доведе до ослободување на допамин, иако општо прифатено е дека тоа е секундарен ефект. Најпознат ефект на MDMA, кој се јавува кај скоро сите луѓе кои земале умерена доза е стегање на вилицата
  • Никотин (NIC):
    • Никотинот е хемикалија која создава зависност. Се среќава во растението тутун, концентрирана во неговите лисја. Се внесува со вдишување од цигара или со џвакање. Никотинот се метаболизира во црниот дроб во повеќе од 20 соединенија, кои се отстрануваат преку бубрезите во урината. Употребата на тутун и изложеноста на чад од тутун може да ја зголеми концентрацијата на никотин во телото
  • Тетрахидроканобинол (THC):
    • Тетрахидроканобинолот е халуциногена супстанца која се добива од цветниот дел на растението канабис. Пушењето е примарен метод за употреба на канабис. Употреба на високи дози предизвикуваат ефекти на централниот нервен систем, промена на расположението и сензорните перцепции, губење на координацијата, нарушување на краткорочната меморија, анксиозност, параноја, депресија конфузија, халуцинации и забрзување на пулсот. Може да се појави толеранција на срцеви и психотропни ефекти, а синдромот на повлекување предизвикува немир, несоница, анорексија и гадење
  • Морфин (MOP):
    • Опиоидните аналгетици сочинуваат голема група на супстанции кои ја контролираат болката преку депресија на централниот нервен систем. Големи дози на морфин може да предизвикаат повисоки нивоа на толеранција и физиолошка зависност кај корисниците и може да доведат до злоупотреба на супстанции. Се излачува неметаболизиран, а исто така е главен метаболички продукт на кодеин и хероин. Морфинот се открива во урината неколку дена по земање на дозата
  • Метадон (MTD):
    • Метадонот е синтетички опиоид кој се користи како аналгетик во третман на хронична болка и во лекување на зависност од наркотици. Физиолошките ефекти на метадонот се слични на морфинот. Најважната разлика е во тоа што неговиот аналгетски ефект е поголем од морфинот, но неговиот токсичен ефект, зависниот ефект и ефектот врз респираторниот систем се помали од морфинот
  • Опијати (OPI):
    • Припаќаат на групата на лекови против болки добиени од афион, кои содржат морфин, кои доведуваат до ефект на релаксација и создаваат зависност кај личноста со текот на времето. Редовната употреба резултира со зависност од опијати (опиоиди). Во оваа група спаѓаат хероин, кодеин, морфин, метадон, бупренорфин (субоксон, субутекс) итн. 
  • Алкохол (ETG):
    • Алкохол е општо име дадено на органските соединенија, на кои групата -OH е директно поврзана со јаглеродниот атом. Концентрацијата на алкохол во крвта е индивидуална. Секој поединец има одредени параметри кои влијаат на нивото на оштетување, како што се големината, тежината, навиките во исхраната и толеранцијата на алкохол. Несоодветното консумирање алкохол може да биде фактор кој придонесува за многу несреќи, повреди и медицински состојби

Пакување: 1 пакување со тест касета, упатство за употреба.  

Содржина

Механизам на дејство: Комплетот е наменет за детектирање на присуство на супстанците наведени во областа опис на производот, во примерок од урина користејќи го аналитичкиот метод на определување на компетитивна инхибиција.

За време на детекцијата, антителото од тестот, се врзува за конјугатот на супстанцата од примерокот и формира комплекс, кој се движи долж нитроцелулозната мембрана. Ако нема доволно метаболит на супстанцата во урина примерокот, комплексот се заробува од страна на конјугатите на одредени супстанции кои се претходно нанесени во зоната за детекција (Т зона) на мембраната на тестот и притоа се формира црвена реакциона линија во Т зоната.

Значи присуството на боја во Т-зоната одговара на негативен резултат од тестот. Ако примерокот од урина содржи доволна концентрација на метаболити на наведените супстанци во опис на производот, тие ќе се врзат за антителата од тестот и така  ќе ги имобилизираат конјугатите на предходно нанесените супстанции во Т зоната. Ова ќе резултира со отсуство на боја во Т-зоната што значи дека тестот е позитивен. Без разлика дали примерокот што треба да се тестира содржи метаболити на лекот или не, црвената линија за реакција секогаш ќе се појавува во зоната за контрола на квалитетот (C).

Дополнителни потребни материјали: Лична заштитна опрема, тајмер, чашка за урина.

Инструкции за употреба: Пред да почнете со тестирање, внимателно прочитајте го упатството и следете ги доленаведените инструкции. Пред изведување на тестот чувајте ја касетата на собна температура (22±3℃) во тек на 15 до 30 минути.

1. Земање на примерок од урина:
1.1. Земете примерок од урина во сува, чиста чашка за урина. Земањето на примерок може да биде во било кое време од денот и по можност да се искористи веднаш за тестирање

1.2. Примерокот чуван на собна температура повеќе од 2 часа не може да се користи. Примерокот чуван на температура од 2-8°C до 2 дена, може да се тестира. Премероците наменети за тестирање после подолг период треба да се чуваат на температура од -20°C

2. Начин на тестирање:
2.1. Отстранете го капачето од тест касетата

2.2. Држете ја тест касетата исправено (со видливо C-T означување), потопете ги тест лентите од касетата во садот за со урина до означените линии на тест лентите. Држете околу 10 секунди. Комплексот примерок/коњугат ќе мигрира долж нитроцелулозната мембрана. Доколку не се забележи движење во мембраната, држете ги лентите потопени во урина уште 2-3 секунди. Потоа, затворете го капачето и ставете ја касетата на рамна површина, за да спречите контаминација на примерокот

2.3. Изведувајте го тествот на температура од 22±3℃. Резултатот од тестирањето можете да го прочитате по 15 минути. Резултатите кои се јавуваат на тест касетата по повеќе од 15 минути не се точни

2.4. По завршување на тестирањето, отстранете ги сите материјали од тестирањето во ќесичка за медицински отпад

Читање на резултатите:

Производот се користи само за квалитативна детекција. Интерпретацијата на резултатите е на следниот начин: 

  • Negative-Негативен резултат: Двете, C и T линиите се видливи по 15 минути, резултатот е негативен и валиден
  • Positive-Позитивен резултат: Ако тест зоната (T-линијата) не е обоена а контролната зона е обоена, резултатот е позитивен и валиден
  • Invalid-Невалиден резултат: Резултатот од тестирањето не е валиден ако контролната линија не е обоена. Тестирањето мора да се повтори со употреба на нова тест касета

Постојат посебни тест ленти за сите параметри. Резултатите од тестот треба да се толкуваат посебно за секој параметар.

Контрола на квалитетот:
Тест касетата има тест линија (T) и контролна линија (C). Пред тестирање ниту T ниту C лининиите не се видливи. Контролната линија (C) мора секогаш да се појави при тестирањето. Контролната линија (C) ни покажува дека тестот е исправен. 

Ограничувања:

  1. Овој тест е наменет за ин витро дијагностичко тестирање
  2. Резултатите од тестирањето зависат од концентрацијата на метаболити на дрогата во примерокот
  3. Резултатите од тестирањето не треба да претставуваат потврда за клиничка дијагноза. Ако резултатите од тестирањето не се во согласност со клиничката слика се препорачува дополнително тестирање
  4. Резултатите од тестирањето зависат од начинот за замање на примерок, апликацијата, преносот и квалитетот на примерокот. Вкрстена контаминација за време на замање на примерокот може да даде лажно позитивни резултати
  5. Доколку не се придржувате на инструкциите во упатството може да се добијат неточни резултати
  6. Читање на резултатот во рок помал од 15 минути дава лажно негативни резултати додека читање на резултатот многу повеќе од 15 минути може да даде лажно позитивни резултати
  7. Резултатите од тестирањето не треба да се користат за потврда на дијагноза туку да бидат само за насока. Евалуацијата треба да се направи во согласност со  GC/MS резултатите, клиничките симптоми, епидемиолошките и останатите податоци
  8. Негативниот резултат не мора да значи дека во примерокот нема дрога. Негативен резултат може да се добие кога супстанцијата е присутна, но под нивото на прагот на тестот
     

Мерки на претпазливост: Тестот не треба да се користи по истекување на рокот на употреба. Следете ги инструкциите при земање на примерок, ракување, чување и отстранување на отпад од производот. Производот е наменет само за еднократна употреба. Отворете го пакувањето на тест касетата непосредно пред изведување на тестот. Да не се користи ако пакувањето е оштетено. Несоодветно земање на примерок, чување и транспорт може да дадат неточни резултати. Следете ги строго инструкциите во упатството. Носете заштитни ракавици при изведување на тестот. Измијте ги рацете темелно по изведување на тестот.

Начин на чување и стабилност: Да се чува на температура од 2 -30°C во добро затворено пакување. Тест касетата може да се користи во тек на 15 минути од отстранување на фолијата. Производот е стабилен до истекување на рокот на употреба наведен на пакувањето. Да не се замрзнува.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се