WAYA Lax Junior Сируп, 250 мл

Medis Waya Lax Junior Macrogol 4000, 125 g laks
WAYA Lax Junior Сируп, 250 мл
582,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
056338C
2.328,00 ден./л
favorite_border

Опис на производот

Waya Lax Junior Сируп зa ублажување на констипација.

  • Медицинско средство
  • На база на макрогол 4000
  • Наменето за третман на хронична констипација (запек), фекалома (состојба на тежок запек со насобрана столица во ректумот и/или дебелото црево, потвредна со лекарски преглед на абдомен и ректум), третман на запек со епизодни или хронични колики (грчеви)
  • Со лаксативно дејство кој преку осмотски механизам ја регулира работата на цревата
  • Не се апсорбира и не се ферментира во цревата; не ја надразнува слузокожата и се исфрла преку столицата во непроменет облик
  • Благодарение на способноста да ја врзува водата, пероралниот раствор WAYA Lax® Junior ја омекнува столицата и помага во празнењето на цревата
  • Дејството не се намалува и по одреден период на употреба
  • Не содржи шеќер
  • Не содржи глутен
  • Со вкус на праска
  • За доенчиња над 6 месеци, деца и возрсни

Пакување: 250 мл.

Содржина

Состав: едно шише од 250 мл содржи 125 мг макрогол 4000.

Помошни супстанции: прочистена вода, лимонска киселина, арома, натриум бензоат, калциум сорбат, сукралоза.

Дозирање

  1. Возрасни и деца над 8 години 20-40 мл раствор на ден, се зема со чаша вода или друга течност како што се сок или чај (150 мл). Препорачливо е да се зема наеднаш, наутро
  2. Деца од 4 до 7 години 15-30 мл раствор на ден, се зема со чаша вода или друга течност како што се сок или чај (150 мл). Препорачливо е да се зема наеднаш, наутро
  3. Деца од 2 до 3 години: 10-15 мл раствор на ден, се зема со чаша вода или друга течност како што се сок или чај (150 мл). Препорачливо е да се зема наеднаш, наутро
  4. Доенчиња од 6 месеци до 1 година (со телесна тежина > 7 кг) 5-10 мл раствор на ден, се зема со вода (50 мл). Препорачливо е да се зема наеднаш, наутро

За примена кај деца помлади од 12 години потребен е совет од лекар. Немојте да употребувате WAYA Lax Junior подолго од 30 последователни денови. Доколку симптомите продолжат консултирајте се со лекар.

Предупредувања: да не се надминува препорачаната дневна доза суплементи. Консултирајте се со лекар пред употреба во период на бременост и доење. Не го употребувајте пероралниот раствор WAYA Lax® Junior доколку сте преосетливи на состојките, во случај на перфорација и/или гастроинтестинални опструкции, позната лезија на желудникот или цревата и тешки инфламаторни состојби на гастроинтестиналниот систем како што се Кронова болест, улцерозен колитис и токсичен мегаколон.

Нема познати интеракции со лекови, но се препорачува производот да се зема најмалку два саати пред или после земање на лекови бидејќи осмотската сила на макроголот и индуцираната зголемена брзина на поминување низ дигестивниот систем може негативно да влијае на нивната ефикасност. Но ако земате и друга терапија, пред употреба на перорален раствор WAYA Lax® Junior консултирајте се со лекар. Може да предизвика интеракции ако се употребува со средства за згуснување на база на скроб. Макроголот го неутрализира дејството на скробот како згуснувач и ефикасно ги втечнува препаратите кои треба да останат густи за луѓето со потешкотии при голтање.

Чување: чувајте го производот цврсто затворен, на ладно и суво место, заштитено од светлина и подалеку од извор на топлина. Употребете го во рок од три месеци од отворањето. Да се чува вон поглед и дофат на деца. Да не се чува во фрижидер. 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се