WAYA Lax Перорален раствор зa ублажување на констипација, 10 кесички

Medis Waya Lax 10 sachets, peroralen rastvor za ublazuvanje na konstipacija (zapek)
WAYA Lax Перорален раствор зa ублажување на констипација, 10 кесички
388,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
061332C
38,80 ден./парче
favorite_border

Опис на производот

Waya Lax Перорален раствор зa ублажување на констипација.

  • Медицинско средство 
  • Со вкус на цитрус
  • Симптоматски третман за ублажување на констипација (запек)
  • Макрогол 4000
    • Макрогол е инертен полимер растворлив во вода co висока молекуларна маса
    • Манроголот има способност да ја врзува водата и да ја задржи во столицата
    • Ја забрзува рехидратацијата, ја омекнува столицата и го олеснува празнењето на цревата (дефекација)
    • Го забрзува движењето низ цревата co што ја стимулира перисталтиката
    • He се апсорбира и не се метаболизира во гастроинтестиналниот тракт
    • Доколку се користи co пропишаната количина на течности, не предизвикува електролитен дисбаланс
  • Поттикнува перисталтика и помага за правилно празнење на цревата co што спречува запек и застој на столицата

Пакување: 10 кесички.

Содржина

Состав: прочистена вода, макрогол 4000, лимонска киселина, арома на цитрус, калиум сорбат, натриум бензоат, сукралоза.

Употреба: наменет за возрасни и деца над 12 години: од 1 до 4 кесички дневно. Дозирањето може да се зголеми или намали сo цел да се обезбеди редовно празнење на цревата вo зависност од индивидуалниот одговор. Максималната доза не смее да надмине 4 кесички на ден.

Употребете ја содржината од кесичката каква што е. Веднаш по земањето на содржината од кесичката, потребно е да испиете 125 мл вода. Доколку земате минимална доза (1 кесична на ден) се препорачува да се зема наутро. За поголеми дози, поделете го внесот наутро и навечер.

Доколку симптомите не се подобрат по 7 дена од употреба на производот, се препорачува да се консултирате co лекар. Делува во период од 24-72 часа.

Предупредување: се препорачува да се консултирате co лекар пред да го дадете производот на деца. Употребата кај деца мора да биде под директен надзор на возрасно лице. Консултирајте се co лекар пред употреба во период на бременост и доење. He го употребувајте производот по истекот на рокот на употреба наведен на пакувањето. He го употребувајте производот ако кутијата или кесичката е отворена или оштетена. Производот може да ја намали апсорпцијата на земените лекови бидејќи може да го скрати времето на транзит низ гастроинтестиналниот тракт. Затоа, се препорачува да се консултирате co вашиот лекар при истовремена употреба на WAYA Lax и други лекови. Лековите мора да се земаат во растојание од најмалку 2 часа.

Производот може да предизвика интеракции кога се зема co згуснувачи на храна на база на скроб. Макроголот го неутрализира дејството на скробот како згуснувач и ефикасно ги втечнува препаратите кои треба да останат густи за луѓето co потешкотии при голтање. Ако забележите какви било несакани дејства, престанете co употреба на производот и консултирајте се co лекар.

Не го употребувајте WAYA Lax во случај на: позната преосетливост на една или повеќе состојки, паралитичен илеус (намалена или отсутна цревна перисталтика), интестинална перфорација, опструкција или стеноза на црева, тешка воспалителна болест на интестиналниот тракт (пр. улцеративен колитис, кронова болест, токсичен мегаколон). Употребата на лаксативи е контраиндицирана кај акутна абдоминална болка, абдоминална болка од непознато потекло, гадење и повраќање, ректално крварење од непознато потекло или во случај на тешка дехидратација.

Начин на чување: да се чува вон дофат на деца. Да се чува на суво и ладно место, заштитено од светлина и подалеку од извор на топлина. Рокот на употреба се однесува на правилно складиран производ во неоштетено пакување.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се