WAYA StopReflux Кесички против киселини, 14 парчиња

Medis Waya StopReflux stop refluks
WAYA StopReflux Кесички против киселини, 14 парчиња
588,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
053386C
Online only description
Само за online нарачки, со купена кутија, кесичка гратис
favorite_border

Опис на производот

Waya StopReflux кесичките се медицинско средство наменето за ублажување на симптомите на гастроезофагеален рефлукс како што се: печење во пределот на градите, враќање на желудочната киселина, езофагитис предизвикан од рефлукс, потешкотии при голтање (дисфагија), болки при голтање (одинофагија).

Благодарение на синергијата на неговите состојки, WAYA® RefluStop овозможува брзо олеснување на симптомите, односно:

  • Ја спречува киселината (рефлуксот) за помалку од три минути
  • Го ублажува печењето во пределот на градите
  • Ја штити и обновува слузницата

Содржи магнезиум алгинат, карбонати, бикарбонати, хијалуронска киселина и хондроитин сулфат. Ефектот се постигнува механички. Кога содржината ќе дојде во контакт со киселата pH средина во желудникот, магнезиум алгинатот формира гел. Во меѓувреме, карбонатите ослободуваат јаглероден диоксид, кој му овозможува на гелот да се подигне и да создаде чеп, што преставува физичка бариера, која пак го спречува рефлуксот (враќањето) на желудочниот сок во хранопроводот. Карбонатот и бикарбонатот истовремено помагаат да се намали киселоста во желудникот. Дополнително, хијалуронската киселина и хондроитин сулфатот ја штитат и обновуваат слузницата. Предноста на производот WAYA StopReflux® е тоа што не содржи натриум алгинат, туку магнезиум алгинат, па затоа е безбеден за употреба дури и кај пациенти кои треба да го намалат внесот на натриум.

Waya RefluStop се наменети за возрасни и деца над 12 години.

  • Без глутен
  • Без лактоза
  • Со вкус на леден лимон

Пакување: 14 кесички + 1 гратис.

Содржина

Состав: вода, магнезиум алгинат, калциум карбонат, калиум бикарбонат, натриум хијалуронат, хондроитин сулфат, ароми, конзерванси: метил п-хидроксибензоат (метилпарабен), етил п-хидроксибензоат (етилпарабен), засладувачи: стевиол гликозиди, сукралоза.

Употреба:

Возрасни и деца над 12 години: 1 кесичка да се растопи директно во уста после главниот оброк и пред спиење или според совет од лекар. Содржината на кесичката добро протресете ја и употребете ја веднаш по отварањето.

Waya RefluStop кесичките може да се употребуваат во секој момент од денот. Најдобро делуваат доколку не консумирате храна или пијалоци 30 минути по нивната употреба.

Времето на употреба зависи од појавата на симптоми. Не ги употребувајте подолго од 30 дена. Ако продолжат симптомите, побарајте лекарски совет.

Предупредување: WAYA® StopReflux кесичките се наменети само за орална употреба. Не земајте ако сте преосетливи или имате позната алергија на една или повеќе состојки. Пред употреба во период на бременост и кај деца под 3-годишна возраст побарајте лекарски совет. Не употребувате по истекот на рокот на употреба. Не употребувајте доколку кутијата или кесичките се оштетени. Да не се надминува препорачаната дневна доза суплементи. Употребувајте го производот според информациите во упатството, во случај да земате и други лекови побарајте лекарски совет
Чувајте го надвор од дофат на деца. Да се чува на ладно и суво место на температура до 25°C. Да се чува подалеку од извори на топлина. Да не се употребува по наведениот рок на употреба.

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се