ZAUM Путер од лешник, 185 г
Опис на производот
Zaum Hazelnut Butter Путер од лешник.
- Неодолив вкус на печени лешници со кремаста текстура
- Одлично за доручек, ужина, ручек или вечера
- Продукт кој се вклопува во секоја комбинација
- Без додаден шеќер
- Без палмино масло
- Без соја
- Без глутен
- Без лактоза
- Без ГМО
- Погодно за вегани и за време на пости
Заум е бренд на фабриката Нелкоски Органик Фуд која се наоѓа во село Драслајца, близу Струга, на 700 м надморска височина, опкружена со чиста природа и медитеранска клима што создава идеални услови за одгледување лешници. Нивната мисија е да го сочуваат и развијат македонското наследство на органско земјоделство преку современа технологија и одржливи практики.

Сите продукти се произведени и сертифицирани според EU Organic, Bio Suisse, IFS GM, ISO 22000, HACCP и HALAL стандарди, а во процесот не се користат пестициди, адитиви, конзерванси или палмово масло. Со имплементирани агрошумарски практики и постојана грижа за биодиверзитетот, придонесуваат за здрава почва и зачувување на природните ресурси.
Во сржта на секој производ е 100% органски лешник од македонските планински предели – богат со природни витамини, минерали и омега масни киселини.
Пакување: 185 г.
Содржина
Состав: 100% лешник.
Продуктот содржи алергени.
Нутритивни вредности на 100 г производ: енергија 646 kcal, масти 62.4 г, од кои заситени масти 4.51 г, јаглехидрати 17.6 г, од кои шеќери 4.89 г, протеини 15.03 г, сол 0.01 мг, витамин Е 15.28 мг.
Употреба: производот треба добро да се измеша пред употреба.
Предупредување: после отворање, да се чува или на собна температура или во фрижидер и по можност да се консумира во максимум 30 дена од отворање. Одвојувањето на маслата на површината е природна појава бидејќи не се користени вештачки додатоци.