ZENTIVA Персен форте, 20 капсули
Опис на производот
Zentiva Персен форте e традиционален хербален лек од растително потекло.
- Содржи комбинација на сув воденоетанолен екстракт од корен на валеријана и сув екстракт од листови на мелиса и нане
- Традиционално е познато дека коренот на валеријана и листот на мелиса имаат смирувачко дејство, а листовите на мелиса и нане имаат ублажувачко дејство врз слабите гастроинтестинални тегоби
- Персен форте традиционално се употребува при умерени состојби на напнатост и немир предизвикани од стрес и за олеснување на заспивањето
Пакување: 20 капсули.
Содржина
Состав: една касула содржи: 87.5 сув водено етанолен екстракт од корен на валеријана-Valeriana officinalis L., radix, extractum hydroalcoholicum siccum (4-7:1); растворувач за екстракција: 70% (V/V) етанол., 17.5 мг сув екстракт од листови на мелиса-Melissa officinalis L., folium, extractum siccum (3-6:1); растворувач за екстракција: 50% (V/V) етанол и 17.5 мг сув екстракт од листови на нане-Mentha piperita L., folium extractum, siccum (3-6:1); растворувач за екстракција: 40% (V/V) етанол.
Помошни состојки: содржина на капсулата: течна глукоза, малтодекстрин, колоидна анхидриднасилика, арома на нане, магнезиум оксид, лактоза монохидрат, талк, магнезиум стеарат.
Капсула: желатин, црвен железен оксид (E172), титаниум диоксид (E171), жолт железен оксид (E172).
Употреба:
Возрасни и адолесценти над 12 години:
- При состојба на стрес, напнатост и раздразливост се препорачува да се земаат по две капсули два пати на ден
- За полесно заспивање се препорачува да се зема една капсула половина час до еден час пред спиење
Капсулите се голтаат со течност (чаша вода), независно од оброците.
Дејството на Персен форте се манифестира постепено. За да се постигне оптимален терапевтски ефект, потребно е капсулите непрекинато да се земаат најмалку 14 дена. Ако состојбата не се подобри или се влоши и по 14 дена од употребата на Персен форте, потребно е да се консултирате со Вашиот лекар. Времетраењето на лекувањето не е ограничено. По долготрајна употреба на Персен форте во препорачаните дози не се јавува зависност, ниту апстиненцијални симптоми.
Предупредување: ако сте преосетливи на корен од валеријана, лист од мелиса, лист од нане или било која друга помошна состојка, не го употребувајте лекот. Пациентите со желудочно езофагусен рефлукс (ждригавица) треба да избегнуваат листови од нане бидејќи може состојбата да им се влоши (да им се зголеми ждригавицата). Посебна претпазливост е потребна кај пациенти кои страдаат од камен во жолчка или други нарушувања на жолчката и жолчните канали. Поради недостиг на податоци за безбедност и ефикасност на Персен форте, не се препорачува негова употреба кај деца помали од 12 години. Од безбедносни причини, не се препорачува истовремено земање на капсулите со алкохолни пијалоци. Капсулите земајте ги со течност (чаша вода), независно од оброците. Ако сте бремени или доите советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек. Безбедната употреба на Персен форте во тек на бременост и доење не е утврдена. Како мерка на претпазливост, не се препорачува да се употребува за време на бременост и доење. Земањето на Персен форте може да ја наруши способноста за возење и ракување со машини. Поради тоа, доколку сте земале од лекот, не се препорачува возење или ракување со машини. Персен форте капсулите содржат лактоза монохидрат и течна глукоза. Ако Ви е кажано од Вашиот лекар дека не поднесувате некои шеќери, пред да го употребите овој хербален лек контактирајте го лекарот. Не се препорачува истовремена употреба со синтетички седативи (на пример, бензодиазепини) и таа е оправдана само под надзор на лекар. Ако имате впечаток дека ефектот на Персен форте е премногу силен или премногу слаб, посоветувајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Ако сте земале поголема доза одколку што треба, веднаш треба да се посоветувате со Вашиот лекар или фармацевт. Ако сте заборавиле да земете Персен форте, не земајте двојна доза да ја надоместите пропуштената. Поединечна доза од приближно 20 г корен од валеријана (еквивалентно на околу 41 капсула Персен форте) може да предизвика симптоми како што се: замор, стомачни грчеви, стегање во градите, зашеметеност, тремор на рацете и мидријаза. Овие симптоми се повлекуваат во тек на 24 часа. Доколку не исчезнат и после 24 часа, потребно е веднаш да се консултирате со Вашиот лекар.
Да се чува на температура до 25°C, заштитен од влага. Да се чува на места недостапни за деца.