МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 

Згответе со љубов

Велат љубовта влегува преку стомакот.

А кој може да одолее на вкусна храна, подготвена со многу љубов?

За денот на виното и вљубените изненадете ја вашата сакана личност со прекрасни, здрави и вкусни јадења и натерајте ја да се заљуби повторно во вас

 

МАРОКАНСКА САЛАТА СО НАУТ И МОРКОВИ

Солена, крцкава, вкусна и свежа, оваа мароканска салата се подготвува за само 10 минути!

Наут

Состојки:

1 шолја зготвена киноа 

6-8 шолји рукола

2 шолји исечени моркови

2 шолји наут  

1 средна краставица

½ шолја сечкани урми (околу 4 урми со средна големина)

½ шолја фета сирење

Свежо нане ( по желба)

 

За прелив:

¼ шолја маслиново масло

½ лимон (исцеден)

2 супени лажици мед

Сол/бибер (за вкус)

½ кафена лажичка кумин

½ кафена лажичка цимет 

¼ лажичка ѓумбир 

¼ лажичка чили во прав

½ лажичка лук во прав

2 супени лажици таан 

Подготовка:

Ставете ги состојките за салатата во голем сад (освен фетата и нането)

Во посебен сад измешајте ги состојките за преливот и истурете го  врз салатата.

Додадете ги фетата и нането.

 

 

 

ПИТА ОД ШПАГЕТИ СО СИРЕЊЕ

шпагети

Состојки:

½ шолја ладно цедено маслиново масло 

6 чешниња лук исечкани на парчиња

2 кафени лажички оригано

2 кафени лажички сушен босилок

1 кафена лажичка сушен магдонос

1 кафена лажичка црвен пипер

Сол и бибер

1 пакетче шпагети 

Доматен сос 

4 јајца

1 шолја рикота сирење

1 ½ шолја рендано моцарела сирење

½ шолја рендан пармезан

Свеж босилок и оригано

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Во тавчето за печење на загреано маслиново масло ставете ги лукот, ориганото, босилокот, магдоносот и црвениот пипер. Пржете ги состојките на среден оган со често мешање додека лукот не добие златеста карамелна боја (околу 5 минути). Потоа додадете го доматниот сос, 2 шолји вода и зачинете со сол и бибер. Додадете ги и шпагетите и зголемете ја јачината на оганот и почекајте мешавината да зоврие, со често промешување.

Во посебен сад соединете ги јајцата, рикотата и пармезанот.

Тргнете ги шпагетите од оган и измешајте ги заедно со смесата со рикота. Најгоре ставете ја моцарелата и ставете го тавчето во рерна. Печете 20-25 минути.

 

 

ЧОКОЛАДНИ СРЦИЊА СО ПУТЕР ОД КИКИРИКИ 

Совршени за Денот на Вљубените за да ги поделите со саканата личност.

чоколадни срциња

Состојки:

190 гр. путер од кикирики 

2 супени лажици кокосово брашно  

2 супени лажици јаворов сируп 

¼ лажичка сол

Темно чоколадо

1 супена лажица кокосово масло 

Подготовка:

Измешајте ги путерот од кикирики, кокосовото брашно, јаворовиот сируп и солта. Мешајте додека смесата не се изедначи и додадете повеќе кокосово брашно доколку имате потреба за да направите мазно, густо тесто кое треба да биде доволно тврдо за да можете да го потопите во чоколадо без да се распадне.

Од тестото оформете срциња со калапи. За да ги подготвите срцињата за потопување, ставете ги во фрижидер за да се зацврстат.

Стопете го чоколадото заедно со кокосовото масло  и потопете ги срцињата во стопената смеса. Исцедете ги внимателно и ставете ги во тепсија за печење обложена со хартија за печење.

Доколку имате желба можете да ги декорирате по потреба.