4U PHARMA Babytol Neonate Капки за предвремено родени новороденчиња, 10 мл
Опис на производот
Капки за орална употреба кои содржат култури од добри бактерии Lactobacillus rhamnosus GG, Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus reuteri, Bifidobacterium infantis, Bifidobacterium bifidum, Bifidobacterium breve и се додаваат во мајчиното млеко или млечните формули и се наменети за дигестивниот тракт кај предвремено родени и новороднчиња родени со царски рез од првиот ден на животот.
Пакување: 10 мл
Содржина
Состав:
Активни компоненти во една доза од 0.25 мл:
1 доза (0.25 мл) | %NRV* | 100.0 мл | |
Lactobacillus rhamnosus GG | 2.25х108 CFU | - | 9x1010 CFU |
Lactobacillus acidophilus | 2.25х108 CFU | - | 4x1010 CFU |
Lactobacillus reuteri | 1x108 CFU | - | 9x1010 CFU |
Bifidobacterium infantis | 2.25х108 CFU | - | 9x1010 CFU |
Bifidobacterium bifidum | 2.25х108 CFU | - | 9x1010 CFU |
Bifidobacterium breve | 2.25х108 CFU | - | 9x1010 CFU |
*NRV - Нутритивна референтна вредност
**CFU - Единица за формирање колонии
Употреба:
Предвремено родени и новороденчиња родени со царски рез од првиот ден: капките се додаваат во мајчиното млеко или млечната формула, еднаш или два пати дневно пред хранење на новороденчето/бебето од првиот ден на раѓање или по препорака на педијатар.
- Кај доење: во претходно стерилизирана лажица, одмерете со капалката 7-8 капки од вијалата, дајте му на бебето да ги испие и потоа продолжете со доењето.
- За млечни формули: подгответе ја млечната формула по инструкции на производителот. Измерете од вијалата 7-8 капки и додајте ги во претходно подготвена млечна формула на температура за хранење. Не ги додавајте капките кога млечната формула е ладна или топла туку само кога е на температура за хранење. Приготвената формула која детето нема да ја испие не ја употребувајте подоцна туку задолжително фрлете ја. Протресете силно пред употреба.
Предупредување:
Препорачаната дневна доза не смее да се прекорачува. Производот не е наменет за новороденчиња кои се преосетливи на било која состојка од производот.
Доколку бебето користи антибиотик, производот да се дава 2 саати пред или 2 саати после давањето на антибиотик.