ALKALOID Алкавит фолна киселина 0.4 мг, 30 таблети
Опис на производот
АЛКАВИТ® фолната киселина е неопходна за синтеза на нуклеопротеините и за хематопоеза. По ресорпцијата, фолната киселина брзо се редуцира на позициите 5, 6, 7 и 8 во својот активен метаболит-тетрахидрофолна киселина (фолинска киселина).
Тетрахидрофолната киселина претставува коензим за различни метаболни процеси како што се: синтеза на пуринските и пиримидинските нуклеотиди, односно синтеза на DNK, конверзија на некои аминокиселини (претворање на хомоцистеин во метионин, претворање на серин во глицин) и синтеза на тимидилат.
Фолната киселина е индицирана за превенција при појава на дефекти на невралната цевка, вклучувајќи и спина бифида, во развојот на фетусот.
Пакување: 30 таблети
Содржина
Состав: една таблета содржи 0.4 мг фолна киселина
Употреба: мегалобластна анемија: 1 x 5 мг на ден во тек на 4 месеци, превенција: 2,5 мг на ден; бременост: 1 x 5 мг на ден во тек на првите 3 месеци.