ALKALOID Becutan Kids Vits Мултивитамински сируп, 100 мл

ALKALOID Becutan Kids Vits Мултивитамински сируп, 100 мл
224,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
046065C
favorite_border

Опис на производот

Сирупот Becutan KIDS VITS Мултивитамини е наменет за дополнување на исхраната кај децата и за поддржување на детскиот раст и развој.

  • Витамин Ц придонесува за нормално создавање колаген, со цел нормална функција на крвните садови, коските, ’рскавиците, непцата, кожата и на забите; придонесува за нормално искористување на енергија во организмот, за нормално функционирање на нервниот систем и за нормална психолошка функција; придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и за заштита на клетките од оксидативен стрес, како и за намалување на заморот и на исцрпеноста и ја зголемува апсорпцијата на железото.
  • Нијацинот придонесува за нормално искористување на енергијата во организмот, за нормално функционирање на нервниот систем и за нормална психолошка функција; придонесува за намалување на заморот и на исцрпеноста.
  • Витаминот Б1 придонесува за нормално искористување на енергија во организмот, нормално функционирање на нервниот систем, нормална психолошка функција и за нормална функција на срцето.
  • Витаминот Б2 придонесува за нормално искористување на енергијата во организмот, нормално функционирање на нервниот систем, заштита на клетките од оксидативен стрес, како и за намалување на заморот и на исцрпеноста.
  • Витаминот Б6 придонесува за нормално искористување на енергијата во организмот, нормално функционирање на нервниот систем и за нормална психолошка функција; придонесува за нормален метаболизам на протеините и на гликогенот и нормално создавање црвени крвни клетки; придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и за намалување на заморот и на исцрпеноста.
  • Витаминот А придонесува за нормален метаболизам на железото и за одржување нормален вид, како и за нормално функционирање на имунолошкиот систем.
  • Витаминот Д придонесува за нормална апсорпција/искористување на калциумот и на фосфорот, за одржување нормални нивоа на калциум во крвта и за одржување нормални коски и заби; придонесува за одржување нормална функција на мускулите и за нормална функција на имунолошкиот систем.
  • Витаминот Б12 придонесува за нормално искористување на енергијата во организмот, за нормална функција на нервниот систем, за нормална психолошка функција, како и за нормално функционирање на имунолошкиот систем; придонесува за нормално создавање црвени крвни клетки, како и за намалување на заморот и исцрпеноста.
  • Витаминот Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Пакување: 100 мл.

Содржина

Состав

Производот содржи комбинација на 9 витамини (витамин А, витамин Ц, витамин Д, витамин Е, витамин Б1, витамин Б2, витамин Б6, витамин Б12, нијацин).

Употреба:

  • Деца од 1 до 3 години: ½ кафена лажичка (2.5 мл).
  • Деца над 4 години: 1 кафена лажичка (5 мл).

Сирупот Becutan KIDS VITS Мултивитамини се зема по оброк.

По потреба може да се раствори во вода или во овошен сок.

Да се протресе пред  употреба.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се