ALKALOID Becutan Kids Vits Назален аспиратор за нос
Опис на производот
Аспираторот за нос Becutan KIDS VITS е медицинско средство наменето за безбедно отстранување на секретот и на слузта од носот на бебето, по пат на нежно вшмукување. Секое парче содржи апсорбирачки филтер којшто ја задржува слузта, со што се гарантира хигиената.
Производот е индициран за употреба при грип, настинки, синуситис и при сите болести што предизвикуваат прекумерна секреција од носот. На овој начин, назалниот аспиратор овозможува нормализирање на дишењето и подобрување на состојбата кај бебето. Се препорачува претходно ноздрите да се исчистат со назалниот изотоничен раствор Becutan KIDS VITS, со што слузта ќе стане потечна и ќе се олесни извлекувањето на секретот по пат на вшмукување.
Пакување: пластична кутија со назален аспиратор и со 4 многу меки врвови.
Содржина
Употреба:
Се употребува онолку често колку што е потребно во текот на денот.
За бебиња се препорачува комбинирана употреба со назалниот изотоничен раствор Becutan KIDS VITS.
Врвот треба да се фрли по секоја употреба за да се спречат инфекции. Аспираторот за нос Becutan KIDS VITS може да се користи само со резервни врвови за аспиратор за нос Becutan KIDS VITS.