ALKALOID Becutan Kids Vits Назален изотоничен спреј за нос, 30 мл

ALKALOID Becutan Kids Vits Назален изотоничен спреј за нос, 30 мл
180,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
045540C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Секојдневната хигиена на носот е важна за бебиња, деца и за возрасни лица.

Прекумерната слуз и прекумерната сувост на слузокожата во носот може да бидат основа за зголемување на бројот на микроорганизми во носот.

Благодарение на механичкиот ефект на назалниот изотоничен раствор Becutan KIDS VITS, носните шуплини убаво се хидрираат, се олеснува измивањето и извлекувањето на слузта, со што се олеснува проодноста на воздухот низ носните патишта.

Со соодветна употреба на назалниот изотоничен раствор Becutan KIDS VITS за секојдневна хигиена на бебиња, на деца и на возрасни лица се овозможува терапевтски третман при некои основни индикации, како: назофарингитис, опструктивен ринитис и синуситис, сув нос без секрет, зарипнатост како резултат на сува слузокожа, и има помошен ефект при оториноларинголошки и при педијатриски третман.

Пакување: 30 мл

Содржина

Состав: морска вода и прочистена вода.

Употреба

Се употребува во секоја ноздра, онолку често колку што е потребно во текот на денот.

За бебиња се препорачува комбинирана употреба со аспиратор за нос.

Производот не треба да се користи доколку изминат повеќе од 30 дена од отворањето.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се