ALKALOID Бетадин 10% раствор, 100 мл
ALKALOID Бетадин 10% раствор, 100 мл
214,00 ден.
Категорија
Бренд
Шифра
006138C
Опис на производот
Бетадине растворот за дезинфекција и чистење на кожата како активен принцип содржи повидон-јод. Во допир со кожата и слузокожата јодот полека се ослободува од комплексот и пројавува силно дејство кон бактериите, вирусите, габите, протозоите и кон спорите. Дејството настапува непосредно по примената и трае подолго во однос на другите препарати на јод.
Индикации
- Подготовка (дезинфекција) на кожата и на слузокожата (вклучувајќи ја и вагиналната слузокожа) за хируршки интервенции, инјекции и аспирации
- Дезинфекција на рани, спречување инфекции при изгореници, инцизии и при други локални лезии
- Лекување инфицирани хируршки инцизии, инфицирани трауматски лезии, третман на лацерации и на абразии, инфицирани декубитални или застојни улцери, секундарно инфицирани дерматози и изгореници од втор и од трет степен
Пакување: 100 мл раствор
Содржина
Состав: povidone - iodine 10 %.
Мислења на потрошувачи
Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се
/ Најави се