ALKALOID ГастроГард, 24 таблети за џвакање

ALKALOID ГастроГард, 24 таблети за џвакање
168,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
029204C
favorite_border

Опис на производот

ГастроГард дејствува локално, преку неутрализација на желудочната киселина, и не зависи од системската апсорпција.

Во желудникот калциум карбонатот и магнезиум карбонатот реагираат со желудочната киселина, формирајќи вода и растворливи минерални соли.

Таблетите ГастроГард го намалуваат вишокот желудочна киселина и овозможуваат брзо ублажување на чувството на жарење зад градната коска (жиговина) и надуеноста.

Таблетите за џвакање ГастроГард се користат за ублажување на желудочните тегоби поврзани со:

  • нарушено варење на храната, вклучувајќи и нарушено варење на храната во текот на бременоста
  • прекумерно консумирање храна и пијалаци
  • гастритис, улкусна болест, рефлуксен езофагитис
  • нарушувања на црниот дроб или на жолчното ќесе.

Пакување: 24 таблети за џвакање.

Содржина

Состав: една таблета содржи 680 мг калциум карбонат и 80 мг магнезиум карбонат.

Употреба:

Таблетите ГастроГард се земаат перорално, се џвакаат или се лижат.

Возрасни и деца над 12-годишна возраст:

Една или две таблети се џвакаат или се лижат вообичаено еден час по главните оброци или пред спиење, или при појава на тегобите.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се