ALKALOID Хималајска крупна сол 300 г + 125 г

ALKALOID Хималајска крупна сол 300 г + 125 г
76,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
035279C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Се верува дека хималајската сол е присутна околу 250 милиони години и дека потекнува од испарувањето на прастарите мориња. Со поместување на тектонските плочи и со формирање на хималајскиот планински масив се фромирале солени камени пештери. Тие низ годините останале изолирани од надворешните загадувања, со што оваа сол често го добива и епитетот „чиста“ сол. Според легендата, оваа сол е откриена во 327 год. пр. н. е. кога Александар Македонски одмарал со својата коњаница во камените пештери на Хималите по победата над Дариус III. Изморените коњи започнале да ги лижат карпите и набргу ја вратиле својата сила, со што веќе побудиле интерес и кај војниците. Оттогаш солта почнала да се користи главно од локалното население и се тргувало со неа во околните земји. Сепак, широка употреба на оваа сол започнува пред неколку децении.

Хималајската сол е камена сол, која се добива од пакистанскиот дел на Регионот Пунџаб (Punjab), односно од таканаречениот Солен Регион. Рудниците во овој регион се формирани пред околу 150 години и оттогаш начинот на обработка е скро ист. Солта се собира рачно од солените рудници, се мие и суши на сонце, а потоа се обработува механички, односно се крши според бараната големина. Хималајската сол може да се сретне во бледорозова боја, која потекнува од соединението железо оксид, а може да има и бела, темнопортокалова, па сѐ до црвеникава боја.

Нето-тежина: 300 г + 125 г

Содржина

Состав

Хималајската сол содржи калиум, калциум, магнезуим и во помала количина други минерали. Иако хималајската сол доаѓа нејодирана, таа се јодира со KJO3, според потребите на населението во Македонија, односно со 20 до 30 мг јод на 1 кг сол. Јодот придонесува за нормална функција на нервниот систем, нормална когнитивна функција, нормален енергетски метаболизам, за нормална функција на тироидната жлезда и за продукција на тироидните хормони и најважно е што придонесува за развојот на децата.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се