ALVOGEN О.Р.С. Шумливи таблети со вкус на јагода, 12 парчиња

Опис на производот
- Алвоген О.Р.С. (орален рехидратационен раствор) шумливите таблети се комбинација на глукоза и минерали
Наменети за диететско регулирање во случај на загуба на вода и електролити при дијареа, повраќање, покачена телесна температура, зголемена физичка активност и спортување.
Пакување: 12 шумливи таблети
Содржина
Состав: една шумлива таблета за 100 мл раствор
1 шумлива таблета | mmol/L |
Глукоза | 101 |
Натриум | 70 |
Калиум | 20 |
Хлориди | 51 |
Цитрати | 22 |
Состојки: глукоза, лимонска киселина, натриум хидроген карбонат, полиетилен гликол 6000, натриум хлорид, калиум хлорид, арома на јагода, колидон К25.
Засладувач: сукралоза.
Агенс за боење: цвекло екстракт, бета каротен.
Дозирање:
Возрасни и деца над 6 години:
Растворете 2 таблети во 200 мл вода. Испијте го растворот полека, со земање на мали голтки (голтка по голтка) на одредено време.
Деца над 2 години:
Растворете 1 таблета во 100 мл вода. Давајте му на детето мали голтки во кратки интервали (пример на неколку минути). Растворот може да се дава со мала лажичка или во шишенце (стерилизирано).
Растворот треба да се употреби по припремата. На собна температура има стабилност 8 часа, а во фрижидер може да се чува најдолго до 24 часа.