APELINI 100% Природен сок од калинки, 1000 мл

Опис на производот
Матичен сок од калинка, пастеризиран.
- 100% природно цеден сок од калинка
- Не содржи шеќер или додадена вода
- Без конзерванси
- Не е направен од концентрат
- Целосно органски производ
- Се препорачува за сите возрасти
- После отварање да се чува во фрижидер и да се консумира до 3 дена
- Македонски производ
Пакување: 1000 мл
Прочитај повеќе
Ова вкусно овошје, познато и како кралско и божествено е најспоменувано овошје во митологијата, религијата и литературата. Во исхраната и медицината се користи илјадници години.
Калинката содржи над 100 фитохемикалии, а голем број од нив имаат позитивни ефекти.
Антиоксиданси - голема содржина на витамин Ц и полифеноли кои со својата структура ги неутрализираат слободните радикали. Со намалување на оксидативниот стрес се спречува оштетување на клеточните структури како што се липидните мембрани и ДНК молекулата.
Калинката е особено корисна за машкото здравје, затоа нејзините екстракти се користат во сите суплементи за превенција на заболувања на простата, намалување на бенигно зголемена простата која особено е честа кај мажите над 50 г. и намалување на нивоата на простата - антиген (PSA) маркерите.
Научните студии ја потврдуваат и способноста на калинката во редуцирање на инсулинската резистентност на клеточните рецептори, што е главна причина за појава на Дијабетес тип 2, а со тоа и намалување и регулација на нивоата на шеќер во крвта.
Калинката позитивно влијае и врз функцијата на дигестивниот систем, односно спречува инфламација на цревата, оштетување на мукозната бариера и појава на заболувања како што се Кронова болест, улцеративен колитис и иритабилни црева.
Богатството на природни соединенија ја зголемуваат меморијата и когнитивните способнисти, па калинките се препорачуваат за превенција и при Алцхајмерова болест и деменција.
Антиоксидансите ја спречуваат и инфламацијата и нејзините симптоми: болка, црвенило, оток, топлина и губење на функцијата.
Антиинфламаторните карактеристики имаат позитивно влијание врз автоимуните заболувања на зглобниот синовиум при ревматоиден артритис, но и при остеоартритис.
Природните соединенија во калинката даваат енергија за аеробната мускулна функција и нивна контракција, ја подобруваат функцијата на белите дробови, кислородниот капацитет и сатурација.