APTAMIL 3 Pronutra, 800 г

APTAMIL 3 Pronutra, 800 г
1.099,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
002390C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

  • Млеко за мало дете
  • Диететски производ
  • Од 12+ месеци
  • 50 години истражување на мајчиното млеко
  • Нутритивни влакна (олигосахарид на мајчино млеко и ГОС/ФОС)
  • Витамини Ц и Д*
  • Калциум
  • ДХА (Омега-3)
  • Без додадено палмино масло

*Витамините Ц и Д придонесуваат за нормална функција на имуниот систем.

ПАКУВАЊЕ ДИЗАЈНИРАНО ЗА ВАС

  • Двојна сигурносна лента - за да сте сигурни дека Вашата формула не е отварана и дека ќе ја задржи свежината
  • Клик при затварање - за дополнителна заштита од контаминација и растурање
  • Дизајнирано за држење во една рака - кога бебето е во другата
  • Порамнувач за дозерка - за да ја дадете вистинската доза
  • Место за ставање на дозерката - за дозерката и Вашите раце да не бидат во правот

Пакување: 800 г

Содржина

Состојки:

Лактоза (од кравјо млеко), обезмастено млеко, малтодекстрин, галактоолигосахариди (од кравјо млеко), производи од сурутка (деминерализирана сурутка и концентрат од сурутка (од кравјо млеко) растителни масла - (масло од маслодајна репка, сончогледово масло високоолеинско сончогледово масло, кокосово масло), три калциум фосфат, фруктоолигосахариди, калциум карбонат, рибино масло, калиум цитрат, магнезиум хидроген фосфат, натриум цитрат, калиум хлорид, Л-аскорбинска киселина, соја лецитин (емулгатор), холин хлорид, ванила(арома), железо два сулфат, инозитол, магнезиум хлорид, натриум Л-аскорбат, цинк сулфат, Л-аскорбил палмитат, калциум Д-пантотенат, ДЛ-алфа токоферил ацетат, никотинамид, рибофлавин, ретинил палмитат,  холекалциферол, пиридоксин хидрохлорид, тиамин хидрохлорид, калиум јодид, фолна киселина, фитоменадион,  Д- биотин, цијанокобаламин.
Алергени: млеко, риба и соја.

Упатство за употреба:

Aptamil® Млечна формула за мало дете од 12 месеци натаму.

Наведената табела е општа, на Вашето дете може да му треба помало или поголемо количество на формула од прикажаното.

ВАЖНО: Секогаш користете ја дозерката од пакувањето. Имајте во предвид дека одвреме на време можеби ќе ја смениме бојата на дозерката.

Возраст на доенчето Приближна тежина во кг Број на оброци во тек на 24 часа Количество на вода (мл) Број на рамни дозерки
Од 12 месеци натаму >10 2 210 7

Стандардно дозирање: 100 мл Aptamil® 3 Pronutra® = 90 мл вода на 40℃ (пожелно) + 3 рамни дозерки = 273 kj (65 kcal). 1 рамна дозерка = 4,8г. Користете ја исклучиво приложената дозерка. Не правете ја формулата послаба или појака од препорачаното. Доколку оброкот не го приготвувате според упатството ризикувате да го нарушите здравјето на детето.

Како да се користи ова пакување:
За да го отворите, отстранете ја сигурносната лента од работ на капакот.
Во самото пакување има вграден порамнувач за дозерката.
Сместете ја дозерката на соодветното место на капакот, за сигурност и безбедност.
Затворете со притискање на капакот сé додека не “кликне“, за да се зачувува свежината на правот.

Подготовка на оброкот за Вашето бебе:

  1. Секогаш измијте ги рацете и целиот прибор што ќе го користите за подготовка на оброкот. Стерилизирајте го целиот прибор во вода што врие  во тек на 10 минути
  2. Превријте чиста вода за пиење и оставете да се олади до 40℃. Видете ја табелата за подготовка на оброкот, сипете точно количество на претходно превриена млака вода во стерилизирано шише
  3. Користејќи ја приложената дозерка израмнете го правот со вградениот израмнувач. Не ставајте премногу од правот и не го притискајте
  4. Додадете точен број на рамни дозерки на прав од Aptamil® 3 Pronutra® во водата. Видете во табелата од упатството за употреба на пакувањето
  5. Веднаш протресете енергично и вертикално, во тек на 10 секунди, додека правот сосема не се раствори. Тркалање на шишето и мешање во круг не се доволни за растварање на правот
  6. Разладете под вода од чешма. Проверете ја температурата на оброкот (37℃). Користете го оброкот веднаш по подготовката и секогаш во рок од 1 час
  7. Исчистете го целиот прибор веднаш по употребата. Никогаш немојте повторно да ги користите остатоците од оброкот. Чувајте го пакувањето цврсто затворено на ладно (<25℃), суво место, не во фрижидер. Употребете ја содржината на пакувањето во тек на 3 недели по отварањето

Совет за складирање и хранење:

Од хигиенски причини, не ги чувајте веќе направените оброци, фрлете ги остатоците од оброкот во рок од 1 час.

  • Не ги загревајте оброците во микробранова печка, одредени делови може да се прегрејат и да предизвикаат изгореници 
  • Не складирајте во фрижидер
  • Чувајте го правот на ладно и суво место 
  • Искористете го правот во рок од 3 недели од отварањето 

Важна напомена: Доењето е најдобро за бебињата.

Мајчиното млеко е најдобро за бебето, а здравата исхрана на мајката е важна во текот на доењето. Одлуката на мајката да не го дои своето бебе е штетна по неговото здравје, а оваа одлука потоа е тешко да се смени. Млечната формула за мало дете треба да се користи само по препорака на лекар. Доколку се храни со шише, Вашето бебе може да не сака да продолжи да се дои.

За здравјето на Вашето бебе внимателно следете го упатството за подготовка. Никогаш не го оставајте бебето само во текот на хранењето. Несоодветно користење или подготовка може да му наштети на здравјето на бебето.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се