APTAMIL Comfort 1, 400 г

APTAMIL Comfort 1, 400 г
701,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Атрибути
Шифра
010856C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

  • За диететско регулирање на колики и опстипација
  • Од раѓање - 6 месеци
  • Бета палмитат
  • ГОС/ФОС
  • Делумно хидролизиран протеин на сурутка
  • Храна за посебни медицински намени
  • Овој производ треба да се користи само под медицински надзор

Пакување: 400 г

Содржина

Состојки:

Хидролизиран протеин од сурутка (од кравјо млеко), растително масло (палмино масло, масло од маслодајна репка, сончогледово масло, високо олеинско сончогледово масло, кокосово масло) глукозен сируп, галакто-олигосахариди (од кравјо млеко), малтодекстрин, скроб од компир, скроб од пченка, лактоза (од кравјо млеко), фрукто-олигосахариди, рибино масло, калиум ди хидроген фосфат, калциум фосфат, калциум хлорид, холин хлорид, масло од Mortierella Alpina, магнезиум хидроген фосфат, калиум хлорид, натриум хлорид, Л-аскорбинска киселина, инозитол, таурин, железо сулфат, Л-карнитин, цинк сулфат, уридин 5’-монофосфат натриумова сол, ДЛ-алфа токоферил ацетат, цитидин 5’-монофосфат, калциум Д-пантотенат, аденозин 5’- монофосфат, инозин 5’-монофосфат натриумова сол, никотинамид, гванозин 5’-монофосфат натриумова сол, бакар сулфат, рибофлавин, соја лецитин, ретинил палмитат, тиамин хидрохлорид, пиридоксин хидрохлорид, калиум јодид, птероилмоноглутаминска киселина, аскорбил палмитат, манган сулфат, натриум селенит, фитоменадион, холекалциферол, Д-биотин, цијанокобаламин.

Совет за алергија: млеко, риба и соја.

Упатство за употреба:

Aptamil® Comfort 1 oд раѓање -6 месеци.

Само за ентерална употреба.

Aptamil® Comfort 1 треба да се користи само според препораките на лекарот. Табелата за исхрана е генерализирана, Вашето бебе може да има потреба од повеќе или помалку  формула од прикажаното.

Возраст на доенчето Просечна тежина во кг Оброци во тек на 24 часа Вода (мл) Рамни дозерки
0-14 дена 2,5-3 7 60 2
2-8 недели 3-3,5 6 90 3
2 месеци 3,5-4 5 120 4
3 месеци 4-5 5 150 5
4 месеци 5-6 5 180 6
5 месеци 6-7 5 210 7
Од 6 месеци натаму >7 4 210 7

Подготовка на оброкот на Вашето бебе:

  1. Секогаш измијте си ги рацете и исчистете се што ќе користите во подготовка на оброкот
  2. Стерилизирајте ги шишето и цуцлата, или чашата, со вриење во вода во тек на 10 минути
  3. Зовријте чиста вода за пиење во тек на 10 минути, оставете малку да се олади. Споредете со упатството за употреба, сипете точно количество од претходно зовриената млака вода во стерилизирано шише/чаша
  4. Додадете точен број на рамни дозерки на прав од Aptamil® Comfort 1. Израмнете  ја секоја дозерка со позадината на чист нож. Не притискајте
  5. Затворете го шишето/чашата и добро протресете се додека правот потполно не се раствори. Ставете серилизирана цуцла на шишето. Проверете ја температурата на оброкот на внатрешноста на рачниот зглоб. Искористете го оброкот веднаш после подготовката
  6. Исчитете ги шишето и цуцлата, или чашата веднаш после употребата. Никогаш не ги користете повторно остатоците од оброкот. Чувајте ја лименката цврсто затворена на ладно, суво место, не во фрижидер. Искористете во тек на три недели од отварањето

Преминување на следна фаза

После 6 месеци, препорачливо е постепено да го замените Aptamil® Comfort 1 со Aptamil® Comfort 2.

Совет за складирање и хранење:

Од хигиенски причини, не ги чувајте веќе направените оброци, фрлете ги остатоците од оброкот во рок од 1 час. Не ги загревајте оброците во микробранова печка, одредени делови може да се прегрејат и да предизвикаат изгореници. Не складирајте во фрижидер. Чувајте го правот на ладно и суво место. Искористете го правот во рок од 3 недели од отварањето.

Важна напомена: Доењето е најдобро за бебињата.

Aptamil® Comfort 1 треба да се користи само под медицински надзор. Оваа формула е погодна за употреба како единствен извор на исхрана до 6 месечна возраст. Доколку се храни со шише, Вашето бебе можеби нема да продолжи со доењето. За здравјето на Вашето бебе следете ги внимателно препораките за подготовка. Никогаш не го оставајте Вашето бебе само во тек на хранењето.

Неточно користење или подготвување може да му наштети на здравјето на Вашето бебе. Од шестмесечна возраст ако е советувано од  Вашиот доктор или медицинска сестра постепено почнете со дохрана.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се