МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 

Аутизам и АДХД истражувања, иновации и надминување на предизвиците

Autizam Konferencija 2024

Меѓународниот конгрес посветен на лицата со аутизам кој ќе се одржи во Скопје на 13, 14 и 15 ноември 2024 година е во организација на фондацијата “Д-р Верица Механџиска” во соработка со Зегин, Здружението на педијатри на Македонија, како и здружението “Во мојот свет”.

Оваа кампања започна со организирање на хуманитарна трка “Зегин Спектратон”, во која сите средства од котизациите на учесниците, како и дополнителна донација од фондацијата “Д-р Верица Механџиска” беа наменети за реконструкција на првиот социјален клуб на адолесценти со АСН.

Следен чекор од кампањата е конгресот со наслов “Аутизам и АДХД – Истражувања, иновации и надминување на предизвиците- Медицински и развојни перспрективи” на кој со присуство на голем број на домашни и меѓународни експерти од областа ќе бидат продлабочени темите за аутизмот и АДХД и во насока кон подобра инклузија и поддршка за лицата со аутизам.

Конгресот претставува значајна можност за професионалци, истражувачи и родители да се информираат и вмрежат, со цел подобрување на квалитетот на живот на лицата со аутизам и АДХД.