BABYBIO Органски ноќен оброк со макарони, сув зеленчук, морков и пченка (15 месеци-3 години), 200 г
Опис на производот
Babybio Organic Macaroni, Sun-Dried Vegetables, Carrots and Corn (Good Night) Органски ноќен оброк со макарони, морков, пченка, модар патлиџан и пиперки, вкусен и хранлив оброк прилагоден на потребите на малите деца во активна фаза на развој.
- За деца од 15 месеци до 3 години (тoдлерс)
- Органски сертифициран производ
- Не содржи додадена сол и млеко
- Содржи глутен
- Детска храна за мали деца
Пакување: 200 г.
Содржина
Состојки: варени тестенини макарони* 32% (вода, гриз од дурум пченица*, белка од јајце*), моркови од Ландес* 24%, модар патлиџан* 13%, вода за готвење, шпанско доматно пире*, шпански црвени пиперки* 6%, пченка од Аквитанија* 6%, пченкарен скроб*, француска мајчина душица*, шпански лук*.
*состојки од органско производство
Производот содржи глутен и јајца.
Може да содржи состојки од соја и сенф.
Нутритивен состав на 100 г производ: eнергетска вредност 218 kJ/ 52 kcal, масти 1.1 г од кои заситени 0.2 г, јаглехидрати 8 г од кои шеќери 2 г, влакна 1.7 г, протеини 1.6 г, сол 0.04 г, натриум 15 мг.
Важно:
- Бебето мора да има барем две запчиња
- Бебето може да јаде парче леб
- Бебето може да јаде мали парчиња храна
- Бебето може самостојно да седи во столче за хранење
- Задолжително бебето да седи во исправена положба
- Задолжителен е надзор на возрасно лице
Мерки на предупредување/Упатства за употреба: да не се загрева во рерна. Ако ја користите целата содржина препорачуваме да го оставите садот во врела вода околу 5 минути. Потоа исплакнете го пакувањето со ладна вода и почекајте да се излади. Ако користите дел од содржината загревајте на средна температура околу 1 минута. Проверете ја температурата на храната пред да му ја дадете на вашето бебе. Не додавајте сол. Ако не сте го загревале целиот оброк и не сте го хранеле бебето директно од пакувањето, може да го чувате остатокот во фрижидер во добро затворено пакување до 48 часа.