BAYER Канестен 3 вагинален крем 2%, 20 г

Опис на производот
Канестен 3 вагинален крем за 3 дневно лекување.
Се употребува за лекување на инфекции на половите органи (вагинитис) што ги предизвикуваат габи (најчесто Caпdida) и суперинфекции со бактерии чувствителни на клотримазол.
Пакување: туба со 20 г вагинален крем и 3 апликатори.
Содржина
Состав: 1 г вагинален крем содржи 20 мг клотримазол.
Помошни состојки: бензил алкохол, цетилпалмитат, цетостеарилен алкохол, октилдодеканол, полисорбат 60, сорбитан стеарат, прочистена вода.
Употреба: Едно полнење на апликаторот се истиснува што подлабоко во вагината. Треба да побарате совет од лекар доколку
симптомите продолжуваат повеќе од 7 денови или доколку симптомите се повторат во период од 2 месеци. Пред употреба внимателно прочитајте го упатството! Лекот може да се издава и без лекарски рецепт(Бр)
Лекот чувајте го на места недостапни за деца!
Избегнувајте контакт на лекот со очите. Немојте лекот да го голтате. Лекот да се чува на температура до 25°С.