BECUTAN Инстант чај од сладок анасон и цвет од камилица за доенчиња и мали деца, 200 г

BECUTAN Инстант чај од сладок анасон и цвет од камилица за доенчиња и мали деца, 200 г
186,00 ден.
149,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Атрибути
Шифра
021412C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Becutan инстант чајот од сладок анасон и цвет од камилица е приготвен од специјално одбрани билки, со потврден квалитет. Неодоливо сладок и вкусен напиток, подготвен со особено внимание за нашите најмили.

Слаткиот анасон и камилицата имаат карминативно и спазмолитично дејство. Тие го стимулираат лачењето желудочен сок и ја подобруваат перисталтиката, со што го подобруваат варењето на храната (таа подобро се разградува и се ресорбира). Воедно, го помагаат и отстранувањето гасови од системот за варење, при што се намалува надуеноста на цревата и се смируваат грчевите.

Цветовите од камилица, заради компонентите што ги содржат во етеричното масло, имаат и противвоспалително и антимикробно дејство. На камилицата и се припишуваат и својства за олеснување на искашлувањето, а, исто така, таа дејствува благопријатно и при несоница и при состојби на вознемиреност.

Пакување: 200 г

Содржина

Производот не содржи:

  • Вештачки бои
  • Ароми
  • Конзерванси
  • Млечни протеини
  • Глутен

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се