BECUTAN Инстант чај за добра ноќ од сладок анасон, камилица и маточина, за доенчиња и мали деца, 20 кесички
Опис на производот
Приготвен од специјално одбрани билки со потврден квалитет, чиjшто состав претставува мешавина од сладок анасон, од камилица и од листови од маточина. Покрај дејството да ги ублажува стомачните грчеви, инстант чајот за добра ноќ истовремено придонесува за подобар сон.
Слаткиот анасон и камилицата имаат карминативно и спазмолитично дејство. Тие го стимулираат лачењето желудочен сок и ја подобруваат перисталтиката, со што го подобруваат варењето на храната (таа подобро се разградува и се ресорбира). Воедно, го помагаат и отстранувањето гасови од системот за варење, при што се намалува надуеноста на цревата и се смируваат грчевите. Цветовите од камилица, поради компонентите што ги содржат во етеричното масло, имаат и противвоспалително и антимикробно дејство. На камилицата и се припишуваат и својства за олеснување на искашлувањето, а, исто така, таа дејствува благопријатно и при несоница и при состојби на вознемиреност. Листовите од маточина ги ублажуваат проблемите со варењето на храната и имаат смирувачко дејство, со што помагаат за полесно заспивање и за подобар сон.
Пакување: 20x5 г.
Содржина
Производот не содржи:
- Вештачки бои
- Ароми
- Конзерванси
- Млечни протеини
- Глутен