BECUTAN Капсули за машинско перење облека, 12 парчиња

ALKALOID Becutan washing capsules machine wash kapsuli za masina za perenje obleka
BECUTAN Капсули за машинско перење облека, 12 парчиња
230,00 ден.
184,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Акција
Шифра
054964C
favorite_border

Опис на производот

Капсули Becutan за машинско перење претставуваат иновативна, концентрирана формула, која содржи активни компоненти одговорни за отстранување на нечистотија од ткаенината. Капсулите за перење се одличен начин за перење бидејќи содржат концентриран течен детергент, кој е претходно измерен до точна доза, правејќи ги навистина практични и едноставни за употреба.

  • Нежна формулација, базирана на природен сапун
  • Еколошки капсули кои не содржат фосфати
  • Растворливи во вода
  • Без микропластика
  • 30% помалку пластика во пакувањето

Пакување: 12 капсули.

Содржина

Состав: > 30% Сапун, 5-15% нејонски површинско активни супстанции, парфем (цитронелол, кумарин, гераниол, 3-метил-4-(2,6,6-три метил-2-циклохексен-1-ил)-3-бутен-2-он).

Начин на употреба: 
Ставете капсула за перење во празен барабан, а потоа ставете ги избраните алишта. Вклучете го соодветниот циклус на перење. Секогаш следете ги упатствата на производителите на ткаенините. Не допирајте ја капсулата со влажни раце. Не користете го производот за предмиење и за рачно перење. Не користете го за волна и за свила. Ако капсулата некогаш остави траги на ткаенината, само исплакнете ја со топла вода

Внимание: Предизвикува сериозно иритирање на очите. Предизвикува иритација на кожата. Да се чува подалеку од допир на деца.

ДОКОЛКУ СЕ ПРОГОЛТА: Да се испере устата. Да НЕ се поттикнува на повраќање. Веднаш повикајте УСТАНОВА или лекар.

ДОКОЛКУ Е НА КОЖАТА: Да се измие со многу сапун и вода.

ДОКОЛКУ Е ВО ОЧИТЕ: Внимателно да се испира неколку минути со вода. Да се извадат контактните леќи, доколку ги има и доколку е лесно тоа да се направи. Да се продолжи со испирање. Доколку и понатаму има иритација на очите: Побарајте лекарски совет/помош. Доколку е потребен совет од лекар имајте ги при рака пакувањето или ознаката на производот. Содржината/садот да се исфрли во согласност со домашните/регионални/ национални/меѓународни регулативи.

Упатство за чување: Да се чува на суво место на температура од 5 до 25°C. Заштитете ја капсулата од смрзнување и од директно изложување на сонце. Да се употреби пред крајот на рокот.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се