BECUTAN Пенливо средство за капење, 200 мл

Опис на производот
Becutan пенливото средство за капење е благо средство наменето за нега на нежната детска кожа.
Поради своите хипоалергенски својства, се препорачува за употреба уште од раѓање. Темелно ја чисти и ја негува кожата, не иритира и не предизвикува солзење. Благодарение на посебните хидратантни состојки, дури и при често капење не ја суши чувствителната бебешка кожа.
- Производот е клинички и дерматолошки тестиран и развиен во соработка со дерматолози и со педијатри
- Не содржи сапун
- Не содржи алкохол
- Има приспособена pH-вредност
- Се препорачува за нега на чувствителна кожа кај сите возрасти
- Неутралниот pH фактор го одржува природниот баланс на кожата
Пакување: 200 мл.
Содржина
Состав: Aqua, Sodium Laureth Sulfate, Lauryl Glucoside, CocamidopropyI Betaine, Sodium Chloride, Parfum, Coco-Glucoside, Glyceryl Oleate, Citric Acid, Panthenol, 2-Bromo-2-Nitropropane-1,3-Diol, Tocopherol, Hydrogenated Palm Glycerides Citrate, Coumarin, CI 42090.
Употреба: Мало количество од средството се нанесува на влажна кожа и нежно се масира. По миењето темелно се плакне.
Само за надворешна употреба.
Да се чува на температура до 25°C.