BECUTAN Прашок за подготовка на електролитен раствор со маточина и лимон, 6.15 г

BECUTAN Прашок за подготовка на електролитен раствор со маточина и лимон, 6.15 г
27,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
030583C
favorite_border

Опис на производот

Електролитот Becutan со маточина и лимон за деца над 12-месечна возраст и за возрасни претставува прашок за подготовка на перорален раствор за рехидратација и е наменет за надоместување на загубите на вода и на електролити при дијареја и при повраќање.

Електролитот Becutan со маточина и лимон е мешавина од минерални материи, гликоза, екстракт од маточина и природна арома на лимон. Екстрактот од маточина дополнително помага при состојби на нарушување на варењето на храната. Воедно, екстрактот од маточина и аромата од лимон му даваат пријатен вкус на растворот и го прават пријатен за пиење.

  • За деца над 12 месечна возраст и за возрасни
  • За надоместување на загубите на вода и електролити при дијареа и повраќање

Содржина

Се препорачува електролитот BECUTAN со сладок анасон и електролитот BECUTAN со маточина и лимон да се користат под медицински надзор. Приготвувањето е едноставно – една кесичка прашок Becutan (6,15 г) се раствора во 300 мл свежо зовриена и оладена вода.

Препорачаните дози се декларирани на самата амбалажа на производите.

Електролитните раствори се пијат полека, со земање мали голтки на одредено време, со цел целосно да се апсорбираат. Се препорачува приготвените раствори да се чуваат во затворен сад, но не повеќе од 24 часа.

Се препорачува внимателно користење на растворите кај лица со висок крвен притисок поради содржината на натриум.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се