BECUTAN Шампон и пенливо средство за капење 2 во 1 со алое вера, 200 мл

BECUTAN Шампон и пенливо средство за капење 2 во 1 со алое вера, 200 мл
126,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
020056C
favorite_border

Опис на производот

Идеална комбинација на два производa за нега и хигиена на детската кожа и коса во еден чекор.
Составот на производот е збогатен со комбинација на активни материи од природно потекло, кои имаат благо дејство и овозможуваат двојна намена на производот, за да производот во целост биде приспособен кон потребите на детската кожа и коса.

Една од состојките, глицерил олеат, ѝ припаѓа на групата биолипиди и е физиолошка состојка на кожата, а како составен дел на овој производ овозможува одржување на биолипидната рамнотежа на кожата и придонесува за подобрување на нејзината заштитна функција.

Екстрактот од алое вера дејствува антиинфламаторно, односно спречува појава на иритација и на црвенило, а Де-пантенолот ја регулира влажноста на кожата и не дозволува нејзино сушење, истовремено придонесувајќи косата да биде еластична и сјајна.

Екстрактот од пченични ’ркулци ја заштитува кожата од сушење и влијае врз подобрување на нејзината мекост и еластичност. Пченичните ’ркулци веќе имаат докажано благопријатно дејство и кога е негата на косата во прашање. Придонесува за зајакнување на влакното овозможувајќи косата да биде мазна, мека и сјајна.
Производот содржи и регенератор што овозможува расчешлувањето да биде лесно и пријатно дури и за дечињата со бујна и кадрава коса.
Со своето двојно дејство, овозможува негата на детската кожа и коса да биде едноставна, а притоа во целост приспособена кон нивните потреби.

Производот е клинички тестиран.

Пакување: 200 мл

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се