BECUTAN Заштитен детски крем со цинк оксид, 75 мл

BECUTAN Заштитен детски крем со цинк оксид, 75 мл
122,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
012998C
favorite_border

Опис на производот

Наменет е за секојдневна нега на бебешката кожа, особено во покриените делови од пеленската регија како и во деловите каде што се формираат превои. Превенира појава на црвенило и иритација во пеленската регија, како последица на допирот на нежната кожа со влагата и со нечистотиите од пелената. Клинички е докажано дека овој препарат ја смирува иритираната бебешка кожа и дека може да се применува уште од првиот ден по раѓањето. Кремот се нанесува на чиста кожа со благо втривање, се додека целосно не се впие. Не треба да останат бели траги на површината на кожата.

Кај бебињата со здрава кожа за превенција од појава на црвенило и иритација во пеленската регија производот се нанесува еднаш во текот на денот, најчесто по капењето за поголема заштита во текот на ноќта. Во текот на ноќта, бебешката кожа во пеленската регија подолго време останува изложена на штетни фактори (влагата и нечистотиите од пелената), кои можат да бидат причинители за појава на црвенило и воспаленија. Becutan заштитниот крем со цинк оксид создава тенок, водоотпорен слој кој ја одржува бебешката кожа сува и спречува појава на иритации. Кај бебињата кои се подложни на честа појава на црвенило и иритации во пеленската регија, кремот се нанесува на сува и чиста кожа со секое менување на пелените.

  • Со екстракт од алое вера, Д-пантенол и цинк оксид
  • Екстракт од алое вера - ја одржува нормалната влажност и ја смирува кожата
  • Д – пантенол - ја регулира влажноста и ја штити кожата од негативните влијанија на околината, како што се влагата и нечистотиите од пелената
  • Цинк оксид - создава тенок заштитен слој кој површината на кожата ја одржува сува, а истовремено ја спречува појавата на црвенило, исип и иритација кај чувствителните делови на кожата
  • Клинички тестиран
  • Има приспособена pH вредност
  • Спречува појава на иритации

Пакување: 75 мл.

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се