BELUPO Неофен 100 мг/5 мл, 100 мл суспензија

BELUPO Неофен 100 мг/5 мл, 100 мл суспензија
216,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
020981C
favorite_border

Опис на производот

Неофен перорална суспензија наменета за лекување на деца постари од 3 месеци, односно со телесна маса поголема од 5 килограми. Можат да ја користат и возрасни, особено во случаи кога од која било причина (на пример, тешкотии при голтањето) не можат да земаат таблети. 
Се препорачува краткотрајна примена кај следниве случаи:

  • Намалување на зголемената телесна температура
  • Како резултат на обична настинка, грип 
  • Ублажување на благи до средно силни болки од различно потекло 
  • Болки како резултат на обична настинка, грип 
  • Главоболка
  • Болка од повреди (исчашување, шинување)
  • Болка во забите, болка при никнување на заби
  • Менструална болка и болка при предменструален синдром (примарна дисменореа)
  • Болки од ревматско потекло

Пакување: 100 мл  

Содржина

Состав: 5 мл перорална суспензија содржи 100 мг ибупрофен.

Дозирање и начин на употреба:
Неофен пероралната суспензија вообичаено се зема на секои 6-8 часа според дозирањето наведено за деца и за возрасни, а временскиот интервал меѓу две дози не смее да биде пократок од 4 часа.

Деца од 3 месеци до 12 години:
Болка и температура: Препорачаната дневна доза на ибупрофен изнесува 20-30 мг/кг телесна маса, поделено во повеќе поединечни дози. 

Неофен пероралната суспензија се зема 3-4 пати на ден, додека кај доенчиња од 3 - 12 месеци се применува 3 пати на ден. 

Возрасни и деца постари од 12 години:
Препорачана доза е 10 мл суспензија на секои 4-6 часа. Во одредени случаи може да се земат 20 мл суспензија одеднаш.
Не се препорачува, без надзор од лекар примена на доза поголема од 60 мл орална суспензија во рамките на 24 часа.  
Не се препорачува примена кај деца помлади од 3 месеци, односно со телесна маса помала од 5 кг.
    
Начин на примена:
Се препорачува лекот да се зема со оброк или со доста течност, за да се намали можноста од појава на дигестивни пречки.
Пред употреба, содржината на шишенцето силно протресете ја приближно 20-30 секунди заради ресуспензија.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се