BELUPO Порталак ефект, 250 мл

BELUPO Порталак ефект, 250 мл
298,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
007124C
favorite_border

Опис на производот

  • Порталак ефект сирупот содржи лаксатив со име лактулоза
  • Ја прави столицата помека така што ја привлекува водата во цревото, и столицата полесно поминува
  • Не се апсорбира во вашето тело

Порталк ефект сирупот се користи:

  • При лекување на затвор (опстипација) карактеризиран со нередовни празнења на цревата, како и тврда и сува столица
  • За омекнување на столицата во случај на хемороиди и по оперативен зафат на дебелото црево или на анусот

Пакување:  250 мл

Содржина

Состав: 1 мл сируп содржи 667 мг лактулозa.
Помошна материја: вода, прочистена. 
Може да содржи мали количини на други шеќери како лактоза, галактоза, епилактоза и фруктоза.

Дозирање и начин на употреба:
Порталк ефект сирупот може да го земате неразреден или разреден во некоја течност. Можете да го земате со оброк или без.
Порталк ефект сирупот може да се зема еднаш дневно (на пример наутро со појадок) или поделено во две дози на ден. Лекот земајте го секој ден во исто време.
Брзо проголтајте го лекот, не го држете лекот во уста.

Старосна група Почетна дневна доза Дневна доза на одржување
Возрасни и адолесценти 14 - 45 мл 15 - 30 мл
Деца (7 - 14 години) 15 мл 10 - 15 мл
Деца (1- 6 години) 5 - 10 мл 5 - 10 мл
Доенчиња до 1 година до 5 мл до 5 мл

При дозирање користете ја приложената мерна чашка. 

Примена кај деца:
Примената на лаксативот кај деца и доенчиња мора да биде исклучок и мора да се спроведува под надзор на лекар бидејќи може да дојде до нарушување на нормалниот рефлекс за празнење.
Ве молиме не давајте Порталк ефект сируп на деца помлади од 14 години пред да се посоветувате со лекар во врска со пропишувањето и потребата за внимателен надзор. 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се