МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна само во Скопје и истата е бесплатна со нарачка над 1.000 денари

Безглутенски крокети од сино сирење

Овие вкусни вегератијански крокети се крцкави однадвор и меки одвнатре, со преубав вкус на сино сирење.

Со овој рецепт можете да подготвите и крокети, а времето на подготовка е 3-4 минути

Состојки

оризово брашно

Подготовка

  • Во сад на тивок оган ставете ги путерот (50 г), млекото и оризовото брашно.
  • Зачинете со сол и бибер, мешајте редовно додека смесата не се згусне.
  • Продолжете со мешање додека густиот сос не стане меко тесто.  
  • Отстранете го садот од оган, покријте го и оставете го да се олади.
  • Исечкајте го магдоносот и издробете го сирењето.
  • Додадете ги магдоносот и сирењето во мекото тесто и мешајте добро.
  • Разделете ја смесата на 8 дела и обликувајте го секој во округол крокет.
  • Во сад искршете едно јајце и изматете го добро
  • Ставете ги трошките од корнфлекс во друг сад
  • Едно по едно, потопувајте ги крокетите во садот со јајце, а потоа во садот со корнфлекс.
  • Ставете ги крокетите на чинија и подгответе се за готвење
  • Загрејте го путерот (25 г) на среден оган.
  • Ставете ги крокетите во тавчето и пржете ги додека не добијат златно кафена боја, околу 3-4 минути.
  • Вртете ги наизменично додека не се испржат цели од сите страни.