BIOAGROS Салеп Аладин со зачини, 84 г

BIOAGROS Салеп Аладин со зачини, 84 г
350,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
034069C
favorite_border

Опис на производот

Салеп Аладин – со зачини

Салепот во вид на прав се добива од сувите туберозни корени на растение од видот Orchis, кои се попаруваат со врела вода, за да се отстранат остатоците, се сушат и мелат.

Познат е од дамнешни времиња и се среќава во записите на Хипократ, Ескулап, Теофрастус и Гален. Главно се користи во источните земји, но и пошироко, особено во зимскиот период како утрински напиток, засладен со шеќер или мед.

Нето-тежина: 84 г (7 кесички х 12 г).

Содржина

Состојки: шеќер, пченкарен скроб, салеп, цимет, каранфилче, ѓумбир, морско оревче.

Начин на подготовка на напиток: Во ѓезве се ставаат 2 шолји вода или млеко и 12 г (1 кесичка) салеп и се меша добро да се раствори, без грутки. Потоа се вари до вриење, со постојано мешање. Кога ке се надигне, се истура половина шолја и повторно се загрева.

Се служи топло.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се