BIONIKA Кардиол, 30 кесички по 5 г
Опис на производот
Кардиол е наменет за возрасни лица со зголемени концентрации на холестерол.
- Монаколин К од црвениот ориз придонесува за одржување на нормални концентрации на ЛДЛ - холестерол во крвта
- Коњак глукоманан придонесува за одржување на нормални концентрации на холестерол во крвта
Холестеролот е вид на липид кој организмот го создава во црниот дроб и се внесува со исхраната. Тој е природна компонента во крвта, но само во одредени физиолошки концентрации. Зголемените концентрации на холестерол во крвта се опасни за здравјето и претставува еден од ризик факторите за болести на срцето и крвните садови, инфаркт и мозочен удар.
Пакување: 30 еднодозни кесички
Содржина
Дозирање: Препорачана дневна доза е 2 кесички на ден.
Пред оброк измешајте ја содржината на 1 кесичка прашок во минимум 200-250 мл вода и испијте ја течноста во време од 2 минути, бидејќи потоа преминува во гел структура.
Предупредување:
Не употребувајте Кардиол доколку сте чувствителни на некоја од неговите состојки. Не се препорачува за деца, бремени жени и доилки, како и на лица кои имаат потешкотии со голтање.
Oралните лекови треба да се земаат 1 час пред или 4 часа по земањето на глукоманан. Доколку земате било каков лек или имате било каков здравствен проблем, пред употреба консултирајте се со вашиот лекар.