BOSNALIJEK Пилфуд 5% лосион 60 мл

BOSNALIJEK Пилфуд 5% лосион 60 мл
734,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
009795C
favorite_border

Опис на производот

Пилфуд 5% спреј за кожа, раствор кој припаѓа на групата лекови така наречени анти-алопетици (лекови кои го стимулираат растот на косата). Лекот се употребува за третман на андрогена алопеција кај мажи на возраст од 18-65 години, затоа што тој го превенира понатамошното губење на коса и го помага повторниот раст на косата.

Производот содржи миноксидил, за кој се смета дека го подобрува дотокот на крв до клетките од кои растат влакната.

Пилфуд 5% растворот најдобро делува кај мажи на кои им опаѓа косата од скалпот. Почетокот на ефектот и степенот на раст на косата може да варираат помеѓу корисниците. Обично на третманот со Пилфуд 5% растворот подобро реагираат помладите пациенти, оние кои пократок временски период имаат проблеми со опаѓање на косата и оние кај кои е зафатена помала површина на главата. Терапијата со лекот Пилфуд 5% веројатно нема да ви помогне ако повеќе години сте без коса или ако со опаѓање на косата е зафатена поголема површина на главата.

Наследниот губиток на коса може да се препознае по:

  • Начинот на опаѓање на косата
  • Почетокот е постепен а потоа состојбата напредува
  • Постои фамилијарна историја на ќелавост
  • Нема други симптоми кои би можеле да се поврзат со опаѓањето на косата.

Пакување: 60 мл

Содржина

Состав: 1 мл Пилфуд 5% содржи 50 мг миноксидил.

Помошни супстанци: пропиленгликол, етанол 96%, прочистена вода.

Употреба:

Пилфуд лосионот се употребува наутро и навечер на суви места. Се нанесува по 1 мл и се трие од средината кон краевите на кожата. Откако ќе се постигне саканиот ефект дозата се намалува на доза за одржување: 1 мл 1-2 пати неделно.

Немојте да го употребувате пилфуд:

  • Ако сте алергични на активната супстанција или било која од помошните состојки
  • Ако имате заболувања на кожата на главата вклучувајки псоријаза или опекотини од сонце
  • Ако имате феохромоцитом
  • Ако имате висок крвен притисок без разлика дали примате лекови за негово лекување
  • Ако истовремено примате некој друг лек за локална примена на површината на скалпот
  • Посебно информирајте го вашиот доктор ако истовремено земате некој од следните лекови:
  • Лекови кои се нанесуваат на кожата, а содржат кортикостероиди, третиноин, дитранол или вазелин бидејќи тие може да ја зголемат ресорпцијата на миноксидил.
  • Гванетидин

Не се препорачува примена на пилфуд лосион за време на бременост или доење иако нема докази за несакани ефекти предизвикани со миноксидил за време на бременост.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се