CANPOL Анти-колик шише (3+ месеци) 240 мл

Опис на производот
- Наменето за деца од 3+ месеци
- BPA FREE (Не содржат Бисфенол А)
Шише со широко грло со ефективен вентил за спречување на колики, прекумерно подждригнување и акумулација на гасови. Цуцлата е изработена од безбеден и мек силикон, олеснувајќи го хранењето од шише. Читлива и прецизна скала за мерење на количините и брза подготовка на храната.
Пакување: 240 мл
Содржина
Состав: полипропилен, полиетилен, силикон.
Начин на употреба: Пред првата употреба, измијте ги сите делови од шишето и зовријте ги 5 минути. Исчистете пред секоја употреба.
Начин на одржување: Не е препорачливо да го миете шишето во машина за миење садови бидејќи детергентите може да го оштетат производот. Не користете никакви антибактериски средства.
Внимателно проверете пред секоја употреба и повлечете ја цуцлата во сите насоки. Особено кога бебето има заби.
Фрлете при првите знаци на оштетување. Не го затегнувајте прстенот за затворање на шишенцето, бидејќи тоа може да ја наруши вентилацијата.
Бидете особено внимателни при греење во микробранова печка.
Не ја изложувајте цуцлата на директна сончева светлина, блиску до извор на топлина или во средства за дезинфекција (раствор за стерилизација) подолго од препорачаното.
Препорачливо е да се замени цуцлата по 2 месеци од употребата