CANPOL Аспиратор за нос
Опис на производот
Аспираторот за нос може да се користи од раѓање до 3 години, период во кој тие сами не можат да го дуваат носот.
Аспираторот овозможува отстранување на секретот од носот. Секретот во носот на бебето може дополнително да предизвика проблеми како што се кашлица и воспаление на увото. Голема предност на овој аспиратор во однос на другите аспиратори слични на него е што овозможува постојана контрола при постапката на одстранување на секретот.
- BPA Free
Пакување: Сетот вклучува аспиратор и 2 дополнителни продолжетоци.
Содржина
Состав: полипропилен и силикон.
Начин на употреба: Поставете го бебето на кревет или на столчето за пресоблекување свртено со лицето нагоре. Исто така можете да го држите бебето така да главата му е наслонета на вашето рамо, или да го поставите така да неговата глава се наоѓа помеѓу вашите колена со лицето свртено спрема нагоре (према вас).
Врвот на аспираторот нежно ставете го во носето на вашето дете, а другиот крај на силиконската цевка ставете го вашата уста и почнете да влечете воздух.
Совет е со влечењето (аспирацијата) секогаш да започнете споро и постепено да се зголемува јачината (интензитетот) се до моментот додека не видите дека секретот се собрал во резервоарот на аспираторот. Често секретот може да биде густ или сув и не може да се повлече со аспираторот. Во тој случај користите физиолошки раствор за омекнување на секретот а потоа употребете го аспираторот.
Заштитните граничници на врвот и резервоарот на аспираторот го спречуваат контактот на секретот со усните. Во резервоарот може да ставите и мало парче вата или памук, која ќе ви го олесни извлекувањето на секретот. Продолжете со извлекување на секретот со иста јачина се додека целосно не го исчистите носето на вашето дете. Остатокот на секрет избришете го со влажна крпа или влажно марамче.
Начин на одржување: Редовно чистете го производот. Притиснете го долниот дел од врвот од аспираторот и капачето ќе се отвори а потоа измијте ги остатоците од секретот. Сите делови од аспираторот за нос исперете ги во топла сапуница, а потоа темелно исплакнете и исушете
Начин на чување: Да се чува на температура од 10-40°C и релативна влажност за воздухот од 75%.
Мерки на претпазливост: Производот да се користи само под надзор на возасно лице.