CANPOL Дизајнирано стаклено шише (12+ месеци) 240 мл
Опис на производот
- Наменето за деца над 12 месеци
- BPA FREE (Не содржат Бисфенол А)
Canpol стакленото шишето е дизајнирано со помош на советите добиени од искусните мајки и затоа Canpol шишето ќе му овозможи на вашето дете успешно и лесно да ја замени мајчината града и да премине на исхрана од шише. Овие шишиња се користат и во периодот кога детето комбинирано се исхранува (со мајчино млеко и вештачко млеко).
- Може да се користи за млеко, чај, сок и други напитоци.
Обликот на шишето овозможува детето само да го држи шишето, а цуцлите за овие шишиња се со идентичен облик на мајчината града. Ефективниот вентилен систем на цуцлата има антиколичен ефект (го спречува голтањето воздух при цицање и на тој начин ги намалува стомачните грчеви на детето).
♦Сликата од производот, односно бојата/дизајнот на производот е од информативен карактер и може да варира. За подетални информации, контактирајте нè во порака!
Пакување: 240 мл.
Содржина
Состав: стакло, полипропилен и силикон.
Начин на одржување: Пред првата употреба измијте го шишето, а потоа ставете го во врела вода 5 минути, или стерилизирајте го во електричен стерилизатор или стерилизатор на пареа.
Предупредување: Прегледајте го внимателно производот пред секоја употреба. Повлечете ја цуцлата во сите правци, посебно ако детето има заби. Цуцлата не ја изложувајте на сончеви зраци или други извори на топлина и не ја оставајте во средство за дезинфекција повеќе отколку што е потребно бидејќи тоа може да ја омекне и оштети цуцлата.
Препорачливо е да се замени цуцлата максимум по 3 месеци употреба.