CANPOL Некапечка спортска чаша со жлеб и цевка (12+ месеци) 350 мл
Опис на производот
Некапечка спортска чаша со силиконска цевка (350 мл)
- Наменето за деца од 12+ месеци
- BPA FREE (Не содржат Бисфенол А)
Пакување: чаша од 350 мл
Содржина
Состав: полипропилен, полиетилен, силикон.
Начин на употреба: Практична и шарена спортска чаша опремена со силиконска цевка. Наменета за деца кои имаат развиено способност да пијат сами.
- Идеална за прошетки и патувања
Меката силиконска цевка не ги иритира чувствителните непца и запчиња. Вградената мембрана го спречува истекувањето. Протокот на течности е овозможен само кога детето цица од цевката.
Во зависност од силата на цицање, протокот е повеќе или помалку интензивен.
Кога детето не цица од цевката, мембраната е затворена и на тој начин се спречува истекувањето. Силиконската цевка е поврзана со пластичен продолжеток, кој завршува на дното на чашата и го олеснува празнењето. Чашата е направена од безбедна, мека пластика, отпорна на удари. Капакот ја штити цевката од нечистотија кога чашата не се користи.
Начин на одржување: Одржувајте ја чашата чиста. Пред првата и по секоја употреба измијте ги сите делови во топла вода со благ детергент, а потоа исплакнете ги темелно. Да не се вријат. Густата храна, на пример, храна со парченца овошје, може да ја затне цевката од кое детето пие.
Предупредување: Секогаш користете го овој производ под надзор на возрасни.
Континуираното и продолжено цицање на течности може да предизвика расипување на забите.