CANPOL Ортодонтска силиконска цуцла (0-6 месеци)
Опис на производот
- Ортодонтска силиконска цуцла лажалка – колекција Love&Sea
- Наменето за деца од 0-6 месеци
- BPA FREE (не содржи Бисфенол А)
♦Сликата од производот, односно бојата/дизајнот на производот е од информативен карактер и може да варира. За подетални информации, контактирајте нè во порака!
Пакување: 1 цуцла.
Содржина
Состав: силикон, тритан кополиестер.
Употреба: карактеристики на Canpol цуцлите лажалки се стабилен проток на воздух, што лесно може да се провери со благо притискање на цуцлата (ова е исклучително важно за правилен развој на вилицата кај детето). Граничниците со дупчпиња за воздух ја спречуваат иритацијата на нежната бебешка кожа. Достапни се во различни атрактивни дизајни и бои. Изработени се од течен силикон, потполно безбоен и без вкус.
Начин на одржување: пред секоја употреба измијте ја цуцлата со топла вода и благ детергент, а потоа темелно исплакнете. Повремено исплакнете ја цуцлата со превриена вода. Не користете средства за дезинфекција или детергенти. Цуцлата не ја вријте и не ја стерилизирајте. Цуцлата не ја оставајте директно изложена на сончева светлина, во близина на некој извор на топлина или средство за дезинфекција, бидејќи така може да се оштети. Од хигиенски и здравствени причини цуцлата лажалка сменете ја со нова по 2 месеци употреба. Цуцлата чувајте ја во чиста, сува и затворена кутија. Препорачуваме деца постари од 3 години да не користат цуцли лажалки.
Предупредување: никогаш не закачувајте машни или траки на цуцлата лажалка, бидејќи можно е да дојде до случајно задавување (користете специјални Canpol ланчиња за цуцли лажалки). Пред секоја употреба внимателно прегледајте го производот, посебно ако детето има запчиња. Повлечете ја цуцлата во сите правци. Фрлете ја при првите знаци на оштетување. На цуцлата не ставајте слатка течност или лек во прав, бидејќи тоа кај детето може да предизвика појава на кариес. Цуцлата користете ја само под надзор на возрасно лице.