CANPOL Ортодонтска силиконска флуоресцентна цуцла лажалка (6 -18 месеци)
Опис на производот
- Ортодонтска силиконска цуцла лажалка
- Наменето за деца од 6-18 месеци
- Флуросцентна цуцла лажалка
- BPA FREE (Не содржат Бисфенол А)
♦Сликата од производот, односно бојата/дизајнот на производот е од информативен карактер и може да варира. За подетални информации, контактирајте нè во порака!
Пакување: 1 цуцла.
Содржина
Состав: силикон, пластика, тритан кополиестер.
Начин на употреба: Карактеристики на Canpol цуцлите лажалки се стабилен проток на воздух, што лесно може да се провери со благо притискање на цуцлата (ова е исклучително важно за правилен развој на вилицата кај детето).
Овие цуцли лажалки светат во темница (односно се флуросцентни). Изработени се од течен силикон, потполно безбоен и без вкус.
Начин на одржување: Пред секоја употреба измијте ја цуцлата со топла вода и благ детергент, а потоа темелно исплакнете. Не користете средства за дезинфекција или детергенти. Цуцлата не ја вријте и не ја стерилизирајте. Цуцлата не ја оставајте директно изложена на сончева светлина, во близина на некој извор на топлина или средство за дезинфекција, бидејќи така може да се оштети.
Предупредување: Никогаш не закачувајте машни или траки на цуцлата лажалка, бидејќи можно е да дојде до случајно задавување (користете специјални Canpol ланчиња за цуцли лажалки).